| 518 |
Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи |
| 1945 |
Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се застрелани од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот. |
| 1969 |
Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи. |
| 1980 |
Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран. |
| 2001 |
Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја. |
| 2001 |
Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената. |
| 2004 |
Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. |