27 декември

Ное - Декември - Јан
п в с ч п с н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
календар за 2008 г.
Сите дати

27 декември е 361-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (362-и во престапна година). Остануваат 4 денови до крајот на годината.

Настани:

1938  Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател Ристо Крле.
1945  Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949  Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979  Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992  Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993  Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“, што ги погоди јужните Филипини.

Родени:

1571  Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар.
1822  Луј Пастер, француски хемичар и биолог.
1901  Марлен Дитрих, славна актерка, една од најголемите филмски звезди во светот на 20 век.

Починале:

1585  Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата.
1743  Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист.


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември

wymiana linkami SEO Tools SEO Tools tanie kredyty gotówkowe kreatyna Plaza 3 star hotel Los Angeles krynica noclegi Sejm Tyk