алатникДруги јазици
|
Цел бројЦелите броеви се состојат од позитивни природни броеви (1, 2, 3, …), нивните негативи (−1, −2, −3, ...) и бројот нула. Како и природните броеви, целите броеви сочинуваат преброиво бесконечно множество.
Множеството од сите цели броеви во математиката се изразува преку здебелената буква Z (или Изразот цел рационален број се користи во алгебарската теорија на броевите за да се разликуваат овие „обични“ цели броеви кај рационалните броеви кај другите концепти како Гаусовите цели броеви. [уреди] Алгебарски својстваКако и природните броеви, Z се затвора под операциите собирање и множење, т.е. збирот и производот од било кои два цели броја мора де е цел број. Меѓутоа, со придодавање на негативните природни броеви, и, особено, нула, Z (за разлика од природните броеви) исто така се затвора под одземање. Z не се затвора под операцијата делење, бидејќи количникот од двата цели броја (на пр., 1 делено со 2), не мора да биде цел број. Еве некои од основните својства за собирање и множење на било кои цели броеви a, b и c.
На јазикот на апстрактната алгебра, првите пет својства погоре велат дека Z под собирање е абелова група. Како група под собирање, Z е цикличка група, бидејќи секој цел број кој не е нула може да се изрази како конечен износ 1 + 1 + ... 1 или (−1) + (−1) + ... + (−1). Впрочем, Z под собирање е единствената бесконечна циклична група, бидејќи бесконечната цикличка група е изоморфична на Z. Првите четири својства погоре во колоната за множење велат дека Z под множење е комутативен моноид. Меѓутоа, треба да се забележи дека не секој цел број има помножителен обратен број; на пр. не постои цел број x кај кој 2x = 1, бидејќи левата страна е парна, додека десната е непарна. Ова значи дека Z под множење не е група. Сите својства споменати во табелата погоре велат дека Z заедно со множењето и собирањето е коло со унија. Впрочем, Z ни дава мотивација за дефинирање на таквата структура. Отсуството на помножителни обратни броеви, што е еквивалентно на фактот дека Z не се затвора под делење, значи дека Z не е поле. Најмалото поле кое ги содржи целите броеви е полето на рационалните броеви. Овој процес може да се имитира за обликување на дробно поле од секоја целосна област, каде целосната област е комутативно коло со таква унија што со било кое ab = 0, или a = 0 или b = 0. Иако редното делење не се дефинира на Z, содржи важно својство наречено делбен алогаритам: т.е. ако имаме два цели броја a и b со b ≠ 0, постојат уникатни цели броеви q и r при кои a = q × b + r и 0 ≤ r < |b|, каде |b| ја означува апсолутната вредност на b. Целиот број q се нарекува количник и r се нарекува остаток, кој резултира од делењето на a со b. Ова е основата на Евклидовиот алогаритам за пресметка на најголеми заеднички содржатели. Повторно, на јазикот на апстрактната алгебра, гореспоменатово вели дека Z е Евклидска област. Ова имплицира дека Z е проста идеална област и секој позитивен цел број може да се искаже како производ на прости броеви на уникатен начин. Ова е фундаменталната аритметичка теорема. [уреди] Редно-теоретски својстваZ е тотално подредено множество без горна или долна граница. Подредувањето на Z е
Еден цел број е позитивен ако е поголем од нула, а негативен ако е помал од нула. Нулата е дефинирана како ниту позитивна, ниту негативна. Подредувањето на целите проеви е соодветно на алгебарските операции на следниов начин:
[уреди] Надворешни врски |
||||||||||||||||||||||