|
|
Холандски јазик
Холандскиот јазик е еден од западногермански јазици, подгрупа на германската гранка на индоевропските јазици. Го зборуваат околу 23 милиони луѓе, главно во Холандија, Белгија и Суринам, а го зборуваат и помали групи во делови од Франција, Германија и неколку поранешни холандски колонии. Близок е со другите западни германски јазици (како англискиот, фризискиот и германскиот), а помалку со северногермански јазици. Литературниот холандски (Standaard Nederlands) е официјален јазик во главните подрачја на зборување, а е контролиран од „Холандскиот јазичен сојуз“ (Nederlandse Taalunie).
Холандските зборови имаат претежно германско потекло, значително повеќе од англиските (коишто имале големо француско влијание). Во холандскиот јазик се создаваат зборовни сложенки од повеќе зборови, како кај германскиот и скандинавските јазици, што го прави многу поблизок до нив.
[уреди] Референци
|