АлатникДруги јазици
|
Француски јазик
Францускиот јазик (le français, la langue française) е јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а се говори во Белгија, Швајцарија, Луксембург, Монако, прекуморските департмани и територии на Франција и Белгија, вклучувајќи го и Квебек во Канада. Од 1970 година постои меѓународна организација за соработка на земјите во кој францускиот е официјален јазик или важен јазик за комуникација и култура ова организација се вика Франкофонија. Францускиот јазик, заедно со англискиот, шпанскиот, кинескиот, арапскиот и рускиот се шесте официјални јазици на Обединетите нации и заедно со англискиот се единствените два светски јазици кои се зборуваат на сите пет континенти со површина поголема од 22 000 000 km², односно 15% од површина на земјата и со повеќе од 735 милиони говорители, т.е. повеќе од 11,1% од светската популација според Интернационалната Организација на Франкофонијата 2008. По англискиот (со 77%), францускиот (со 32%) е најизучуваниот јазик кај децата во европската унија, а потоа следи германскиот (18%), шпанскиот (8%) итн.
[уреди] ИсторијаСе смета дека заклетви од Стразбур (les serments de Strasbourg) од 842 година е првиот текст напишан на протофранцуски. Кралот Франсоа I во 1539 година наредил да францускиот јазик биде официјален и административен јазик во кралскиот двор. Кардинал Ришеље во 1634 година ја основал Француската академија, која се занимавала со „Унапредување и заштита на францускиот јазик“. Во 17 век од францускиот јазик настанува lingua franca на европските племиња,прво во централна,а во 18-от и 19-от век и во источна Европа (Полска, Русија, Романија). Во тоа време Франција била колонијална сила, со што била поставена основата за ширење на францускиот јазик надвор од Европа. Белгија која се здобила со независност во 1830 година, исто така го официјализирала францускиот јазик во сите колонии. Во 18 век францускиот јазик бил главен јазик во областа на меѓународните односи и дипломатијата (наместо латинскиот). Подоцна со создавањето на кралството Велика Британија во 19 век, и со порастот на моќта на САД ВО 20 век, ситуацијата се променила во корист на англискиот јазик. [уреди] Реони
[уреди] Европско значењеФранцускиот заедно со англискиот и германскиот јазик се работни јазици кои ги користи Европската комисија. По правило, претседателот на Европската комисија треба течно да го говори францускиот јазик. Таквото значење на францускиот јазик во ЕК е последица што Франција е една од основачите, и дека седиштето на ЕУ е во Брисел, во главно 85% франкофонски град. По податоците од 2006, францускиот јазик е мајчин за 13% од населението во ЕУ, а истиот го говорат и разбираат повеќе од 26% од населението во ЕУ. Надвор од француското говорно подрачје францускиот највеќе се учи во Велика Британија, Холандија, Ирска, Португалија, Романија, Молдавија, Данска, Германија, Шпанија, Италија, Австрија, Кипар, Грција, Бугарија, Полска, а највеќе го говарат и разбираат во Холандија (29%), Португалија (25%), Романија (24%), Велика Британија (23%), Ирска (20%), Малта (17%), Германија (15%), Данска (15%), Италија (14%), Шпанија (12%), Кипар (12%), Шведска (11%), Австрија (10%), Бугарија (9%), Грција (8%) и во други. [уреди] КарактеристикиФранцускиот јазик е многу далеку од фонетските правила за читање и пишување. Последната согласка во зборот никогаш не се изговара. Буквите Н и М понекогаш не се изговараат. Францускиот се чита „течно“, што значи дека завршните согласки често се спојуваат со наредниот збор. Во пишувањето се користат пет врсти на акценти. Францускиот јазик разликува десет глаголски времиња: 5 прости и 5 сложени. Францускиот јазик го разликува учтивото од пријателското. [уреди] ДијалектиФранцускиот јазик е богат со дијалекти, кои се нарекуваат и патоа. Тие во основа се делат на северни (Langue d'oil-најблизу до стандардниот јазик), јужни (Langue d'oc-под влијание на окитанскиот јазик), и франко-провенсал (Franko-Provencal). [уреди] Етимологија[уреди] Референци
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| kreatyna kreatyna www.activebody.pl | Gry Online Gry Online www.pozycjonarka.in… | Plaza 3 star hotel Los Angeles www.triptake.com | krynica noclegi krynica noclegi,ośrodek, wypoczynk… gornik.com.pl | Kredyty odnawialne Kredyty odnawialne www.eskarbiec.pl |