АлатникДруги јазици
|
Средна АмерикаСредна Америка е централниот географски регион на Америка. По варијабилна дефиниција, регионот се простира на јужниот дел од континентот Северна Америка.
[уреди] Физичка географијаФизичкогеографски, Средна Америка е тенок истмус на јужниот дел од Северна Америка, протегајќи се од Истмусот Техуантепек во Мексико, па југоисточно до Панамскиот Истмус, каде се поврзува со колумбиските пацифички низини во северозападна Јужна Америка. Средна Америка има површина од 523,000 km2. Тихиот Океан лежи на југозапад, Карипското Море лежи на североисток и Мексиканскиот Залив лежи на север. Поголем дел од Средна Америка се наоѓа на Карипското Плато. Регионот е геолошки активен, со повремени вулкански ерупции и земјотреси. Во 1931 и 1972, земјотресите ја уништија Манагва, главниот град на Никарагва. Плодните почви од вулканска лава во земјоделски продуктивните планински области се основната дејност на тамошното население. [уреди] Општествена географијаГеополитички, Средна Америка традиционално се состои од следните земји: Според горната дефиниција, Средна Америка во 2006 има вкупно население од 39,267,000 жители. Целосно или делумно, Мексико е вклучено во Средна Америка под различни дефиниции. Обединетите Нации го вклучуваат Мексико во неговиот подрегион на Средна Америка, дефиниран како сите копнени држави на Северна Америка јужно од САД. Некои географи тука ги вклучуваат и југоисточните мексикански држави Кампече, Чиапас, Квинтана Ру, Табаско и Јукатан. Европската Унија не ги вбројува Белизе и Мексико во оваа дефиниција. Панамскиот Канал, 77-километарски канал низ Истмусот Панама, ги поврзува Карипското Море од Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Иако физичкогеографски е трансконтинентална нација, само Панама (вклучувајќи го сегментот источно од Панамскиот Канал) често е сметана за дел на Северна Америка. [уреди] Историја
Порано постоела нација на Средна Америка во раниот 19 век која се состоела од сегашните нации Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор, Никарагва и Костарика (и дел од модерната мексиканска држава Чиапас). Овој состав од територии понекогаш бил познат како Обединетите Провинции на Средна Америка или Обединети Држави на Средна Америка. [уреди] Види и[уреди] Надворешни врски
|
|||||||||||||||||||||||||||