алатникДруги јазици
|
Словенија
Република Словенија е крајбрежна земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е земја во јужна централна Европа, и граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север. Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави. Главен град: Љубљана. Број на жители: 1.935.677 (2003.). Површина: 20.273 km² На Словенија припаѓа и многу мал дел од Јадранското крајбрежје во должина од 47 km. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји. Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја. Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенско јадење од кисела зелка, грав и свинско месо. [уреди] Надворешни врски
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||