|
|
Соединети Американски Држави
- САД пренасочува овде. За Скопското астрономско друштво видете Скопско астрономско друштво.
Соединетите Американски Држави - познати уште како Соединети Држави, Америка или (архаично) Колумбија - cе федерална република од 50 држави, претежно сместени во средишниот дел од Северна Америка. Соединетите Држави имаат три копнени граници, две со Канада и една со Мексико, како и две територијални граници по вода со Русија и Бахамите. По вода Соединетите Држави се ограничени со Тихиот Океан, Беринговото Море, Северниот Леден Океан и Атлантскиот Океан. Две од 50-те земји, Аљаска и Хаваи, не се граничат со ниедна друга американска држава. Соединетите Држави исто така имаат и прекуморски територии и поседи во останатите делови од светот. Секоја од 50-те држави има висок степен на локална автономија под федералниот систем. Граѓаните на САД обично се нарекуваат Американци. Главен град на САД е Вашингтон.
[уреди] Најголемите градови
-
- Њујорк, Њујорк- 8,008,278
- Лос Анџелес, Калифорнија - 3,694,820
- Чикаго, Илиноис - 2,896,016
- Хјустон, Тексас - 1,953,631
- Филаделфија, Пенсилванија - 1,517,550
- Феникс, Аризона - 1,321,045
- Сан Диего, Калифорнија - 1,223,400
- Далас, Тексас - 1,188,580
- Сан Антонио, Тексас - 1,144,646
- Детроит, Мичиген - 951,270
- Сан Хозе, Калифорнија - 894,943
- Индијанаполис, Индијана - 791,926
- Сан Франциско, Калифорнија - 776,733
- Џексонвил, Флорида - 735,617
- Колумбус, Охајо - 711,470
- Остин, Тексас, Тексас - 656,562
- Балтимор, Мериленд - 651,154
- Мемфис, Тенеси - 650,100
- Милвоки, Висконсин - 596,974
- Бостон, Масачусетс - 589,141
[уреди] Политички поделби
Освен сојузните држави, Соединетите Американски Држави содржат и едан Федерален дистрикт; Федералниот округ Колумбија, каде е сместен Вашингтон. Неколку острвски територии се истотака во саставот на САД. Тоа се: Американски Самоа; островот Бејкер; Гуам; островот Хауланд; островот Џарвис; атолот Џонстон; Кингман Риф; атолот Мидвеј; Наваса островот; Северни Маријански Острови; атолот Палмyра; Порторико; Американски Девствени Острови и Вејк островот.
|