|
|
Разговор со корисник:Filipgdблокирани сте во период од 3 дена поради прекршување на 3RR правилото за статијата Бугарски владетели. Може да продолжите со уредување кога периодот на блокирање ќе истече, но ако продолжите на ист начин со вашето однесување ќе бидете блокирани подолго време без претходно предупредување. Ве молиме вашите контроверзни промени претходно дискутирајте ги на страницата за разговор со останатите уредувачи.--brest 16:39, 21 април 2008 (UTC)
[уреди] Skopje UniversityI posted this on your English page first, but it seems you are more often active in Macedonian Wikipedia, so I try it here [уреди] ЕееејФала, Фичо. Среќна Нова година и божиќни празници и на тебе! И со подранување од четириесет и пет минути - среќна Стара нова година и василица! Да ти кажам и мене доста ми недостига Википедија. И - да не зборувам пред време - ама мислам дека за една недела активно се враќам назад. Имам обележано едно десетина статии од англиската Википедија што немав време да ги преведам минативе два месеци (многу, многу обврски) па ќе ги додадеме и нив. А покрај тоа си оставив и некои работи од технички карактер. А неделава ќе бидам само повремено тука, но ќе ме има. Уште еднаш фала на честитката за добредојде. --Виктор Јованоски 22:16, 13 јануари 2008 (UTC) [уреди] HiDear Filipgd, how are you? I am wondering if somebody would be so kind to help me translate a short-stub version of two or three sentences of this article for the Македонски wikipedia? Thank you very much for any advice or help you could offer :) -Maria Marxist-Theory&Praxis 07:14, 14 јануари 2008 (UTC) [уреди] МакедонциКаков е проблемот со уредувањето? --Мизиец 14:36, 23 јануари 2008 (UTC)
[уреди] Бугарски владетелиЗдраво, Фичо. Како си? За промената: не знам точно што се случувало за време на моето отсуство, но некаде пред три-четири месеци, беше договорено со бугарските корисници да направиме исти табели за Бугарските владетели, така што ние, во белешка кај Самоил и неговите потомци, би ставиле дека според македонската и српската историографија е Македонец, а бугарите, би го направиле истото во нивната верзија. Само што - од не знам какви причини - кај нас, кога прв пат ја отворив статијата отсуствуваше целосно делот од Првата бугарска држава. Со цел да не го прекршам договорот - го вратив. Е кога го направив тоа - StanProg направи промена според која само некои (или во неговата верзија ‘некој‘) македонски и српски историчари тврдат дека Самоил е македонски цар. Потоа ти си ја направил промената по која повторно Самоил исчезнал од статијата. Бидејќи работам на шаблони за држави и знамиња на држави (мислам дека е време да имаме некоја македонска верзија) само набрзина видов што се случило и ги вратив двете последни промени. Патем ја посетив бугарската статија и видов дека ниту Бугарите не играле фер - само во фуснота е ставено тврдењето на само македонските историчари дека Самоил е македонец. Затоа му пишав на StanProg да ја поправи бугарската статија и да не прави промени во македонската. Ако тоа не се случи, ќе ги избришиме Самоил и потомците од табелата. Извини што избрзав со промената, но навистина само механички го направив тоа, без притоа да истражам што се случувало изминативе неколку месеци. Поздрав, --Виктор Јованоски 16:49, 28 јануари 2008 (UTC) Не те сфаќам погрешно, Фичо. Макар што токму сега начна нешто што постојано и мене ме плаши: јас навистина не знам како да постапувам со бугарските корисници (зашто знам дека тука се само за да вршат некаква пропаганда), а при тоа да не навредам никого. Само што и мене ми изгледа дека некои од моите интервенции може да изгледаат навистина навредливо токму за македонските корисници. Го одбрав овој начин (што ти, да бидам искрен, навистина добро го дефинираше со фразата на ти го - дај ми го), зашто и не гледам друг (на крајот на краиштата, НГТ треба да претставува подеднаква застапеност на сите ставови по едно исто прашање, без давање на каков и да е вредносен суд). Само, како што ми изгледа, не ми оди сосема добро во справувањето со спорови. Патем, ако имаш некој предлог, кажи го; само обиди се да не биде многу радикален. --Виктор Јованоски 19:22, 28 јануари 2008 (UTC) Види, едно од решенијата - она во кое би било најнационалистички настроени - би можеле да го воведеме во пракса многу лесно: доволно е само да ги заштитиме статиите и самите да си одлучуваме што сакаме да правиме со нив (впрочем, токму тоа го прават најголем дел - да не речам сите - Википедии со статиите од ваков карактер). Само што мене не ми изгледа многу праведно да го направиме тоа - без разлика на тоа како се однесуваат другите Википедии. Зашто - да се изразам платоновски - да ја следиме идејата за НГТ, а не начинот на кој другите ја следат! Знам, знам - многу идеалистички. Но сега поважното: кога веќе зборуваме за администратори - си размислувал да се предложиш? Од мене би добил потполна поддршка. --Виктор Јованоски 21:24, 29 јануари 2008 (UTC)
[уреди] 79.125.135.165Видов дека Брест пишал дека не го прекршил правилото, но мислам дека сепак го има три пати преправено ќ-то во ч. Блокиран е на три дена. Само се сомневам дека има повеќе кориснички сметки или динамичка IP адреса. Поздрав, --Виктор Јованоски 16:51, 4 февруари 2008 (UTC) [уреди] Признание за вашиот придонес
Јас Корисник:brest, доделувам златна тегла ајвар за исклучителни придонеси на Македонската Википедија на Корисник:Filipgd.
Честитки, Филип за теглата ајвар (како само звучи реченицата вака напишана!). Мислам дека си еден од оние што најмногу ја заслужуваат. --Виктор Јованоски 18:18, 5 февруари 2008 (UTC) Честитки и от мен! --Li4kata 14:30, 25 февруари 2008 (UTC) [уреди] Бугарски владетелиФилип што я менуваш и навредуваш статията? Молам те да се сапрем со тае глупости, е време да се уреди еднаж статията. Види во сите другоезични статии. Ако има некаков проблем, речи го па да го изясним. Фала! --Li4kata 14:30, 25 февруари 2008 (UTC)
[уреди] 3RRR, Свети Паисиj ХилендарскиБез никаква расправа ја имате менувано статијата Свети Паисиj Хилендарски, а веќе го имате прекршено 3RRR правилото. Нека биде ова опомена пред блокирање.--brest 07:06, 27 февруари 2008 (UTC) [уреди] Споменица на моето прво блокирање на Википедија на мојот јазикСве што мојата маленкост направи во случајов е ова. Што? Го тргнав царот Самоил од листата на бугарски владетели. Изгледа некој одамна не бил во Охрид и Преспа. Тај неко нисам ја! --Филип 14:19, 16 април 2008 (UTC)
[уреди] ШовинизамВиди што е шовинизам и размисли, а дека си србин е jасно на сите, наблегуваш изключиво на теориjата на српската пропаганда во Македониjа, без извори надвор РМ и Србиjа. Не дозволуваш друго мислене освен своето, вопреки многоброjните независни и надежни извори, кои сум дал. За тебе сите се глупи, и професорите од Кембридж, Оксфорт, Jеjл, Стаnфорд и овие од Москва, дори и некои од Белградскиот универзитет, кои што кажуват за комитопулите дека била бугарски владетели. --Мизиец 15:38, 17 април 2008 (UTC)
[уреди] СтарословенскиЗдраво Филип. Гледам дека го разбираш старословенскиот јазик. Го знаеш ли името на en:Codex Zographensis (бугарси: Зографско четвероевангелие; руски: Зографское евангелие)? Мислам треба име во јазикот во кое е напишано евангелието. Поздрав Балканец Да? 08:36, 24 мај 2008 (UTC) [уреди] МатематикаЗдраво Филип, инаку со математика се занимавам чисто поради кеиф, инаку во основно и средно редовно одев на натпревари по математика, а еднаш во основно и по физика. Инаку ги поштувам многу сите математичари. Поздрав Кирил Симеоновски 14:19, 25 мај 2008 (UTC) |