Разговор:Главна страница / избрана статија / 2008

Види исто така избрани статии за: 2008, 2007, 2006, 2005 година.

Избрани статии се оние статии кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни и најсодржајни. Пред да се постави овде некоја статија истата мора да биде изгласана за уредност, точност, неутралност и стил на пишување.

Предлагачот на избрана статија потребно е на страницата за разговор да предложи и текст (извадок или сиже од статијата) кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува во недела во 24 часот по македонско време, и потоа сликата која добила најмногу гласови се поставува на главната страница.

Забелешка: На секоја од избраните статии, најдолу, под категориите, се поставува шаблонот {{Избрана}}.


Содржина

[уреди] Предлог за период од 11 до 17 август

[уреди] Крстоносни војни

Крстоносци
Крстоносци

Крстоносните војни претставуваат серија од компањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од странана христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките ортодоксални христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале се со учество на рицари , монаси, кои ќе војуваат против арапите, маврите, турците - селџуците. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници –кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите “ Бог тоа го сака“ Во крстоносните војни учествувале множество претставители на витешки редови како што биле болничари, Витези-Темплари, Ред на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонски витези, Малтешки ред и.т.н.

Точниот број на крстоносните походи сеуште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле проведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична за разлика од онаа во текот на Средниот век.

За --Астрион 12:20, 26 јули 2008 (UTC)

[уреди] Предлог за период од 4 до 10 август

[уреди] Летни олимписки игри - 2008

„Разиграниот Пекинг“, официјално лого на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг

Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX Олимпијада, ќе бидат прославени од 8 август, 2008, до 24 август, 2008, со церомонијата на свечено отварање која ќе започне точно во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани ќе се одржат надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачкато натпреварување (во Хонг Конг) и натпреварувањето во едрење (во Квингдао). Ова ќе биде третиот пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонг Конг и Кина се натпреваруваат одделно).

Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „жинг“(, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.

Кинеската влада ги промовираше игрите за да го истакне кинеското пробивање на светската сцена. Постоеја големи грижи од евентуалното бојкотирање на Олимпијадата од страна на поголемите нации во протест на кинеските акции во Тибет. Порано во 2007, поранешниот претседател на MOK, Хуан Антонио Самаранч, изјавил дека верува во игрите на 2008 Пекинг, кои можат да бидат, по негово мислење, „најдобри во олимписката историја.“


Неутрален Коментар  Оваа статија ќе ни се погоди за олимписките игри, само потребна ѝ е добра ревизија за грешки, преводи на фуснотите други средувања. Може да посветиме малце внимание на неа, па за идната недела ќе биде супер. --Brainmachinewtf? 11:55, 20 јули 2008 (UTC)
За --Виктор Јованоски 17:51, 20 јули 2008 (UTC)Коментар Се сложувам со Brainmachine, но, искрено, од почит кон Олимписките игри - како што вели и предложувачот на оваа статија на својата корисничка страница совршенство на човечката цивилизација - дури и да не се чепне статијава (во што се сомневам, зашто јас самиот ќе се обидам да потсредам нешто) јас сепак гласам за. It's the Olympics, after all (одвај чекам да почнат)!

[уреди] Предлог за период од 28. јули до 3. август

[уреди] Сантијаго Бернабеу Стадион

Поглед во внатрешноста на Сантијаго Бернабеу
Поглед во внатрешноста на Сантијаго Бернабеу

Сантијаго Бернабеу Стадион е фудбалски стадион во Мадрид, Шпанија и е домашен терен на ФК Реал Мадрид. Изградбата на овој стадион започна на 27 октомври 1944. Првион стадионот се викаше Чамартин, а изградбата заврши во декември 1947 година. Реал Мадрид официјано го призна сегашното име Сантијаго Бернабеу Стадион на 4 јануари 1955, во чест на претседателот на Реал Мадрид Сантијаго Бернабеу Јесте. Овој стадион беше официјано награден од УЕФА за стадион со 5 ѕвезди уште во 60-тите години на минатиот век

Со проширувањето во 1953 година капацитетот на стадионот се зголеми на 120.000 . Во 1998 година УЕФА донесе одлука да се модернизираат стадионите, а во тоа спаѓаше и ставање на столчиња на трибините ( Реал Мадрид ја заврши оваа работа во сезоната 1998/99). Сантијаго Бернабеу се прошири уште со неколку проширувања, а последното се случи во 2003 година кога стадионот се прошири за 5.000 места и го доби денешниот капацитет од 80.400 гледачи.

Сантијаго Бернабеу е еден од најпознатите светски фудбалски стадиони. Тој бил домаќин на 3 финалиња од Купот на шампиони(1957,1969 и 1980), а треба да биде домаќин на финалето во Лига на Шампиони 2010[1] Финалињата на ЕУРО 1964 и Светско првенство 1982 Шпанија исто така се одиграа на Сантијаго Бернабеу.


[уреди] Предлог за период од 21 јули до 27 јули 2008

[уреди] Монголски јазик

Натписи на монголски јазик со различни писма
Натписи на монголски јазик со различни писма

Монголскиот јазик ( , Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) е најпознатиот јазик на подгрупата на монголски јазици од алтајската јазична фамилија. Монголскиот јазик е официјален јазик на Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик прегу ујгрурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Автономниот Регион Внатрешна Монголија, монголскиот јазик е официјален јазик заедно со кинескиот јазик, иако бројот на монголците што живеат во тој регион не е повеќе од 30 проценти. Во Монголија се зборува Халх дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како Халх монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе, од кои повеќето се надвор од границите на денешна Монголија.


За  --MacedonianBoy 16:01, 17 јули 2008 (UTC)
За  --Raso mk 21:21, 17 јули 2008 (UTC)
За  --Виктор Јованоски 13:43, 18 јули 2008 (UTC) Коментар  Како што рече Рашо - време беше и ти да си предложиш некоја. Одлична статија.
За  --Игор 13:19, 19 јули 2008 (UTC) -Интересно. Тежок јазик. :)
За  --Crnorizec 00:20, 20 јули 2008 (UTC) Коментар  статијата е ок, само овој апстракт за на главната страница треба да се прошири.
За  --Brainmachinewtf? 11:50, 20 јули 2008 (UTC) Коментар  Навистина тежок јазик - видете го првиот линк од надворешните врски - learn how to speak funky(?!) mongolian. Јас се изгубив на „добар ден“. --Brainmachinewtf? 11:50, 20 јули 2008 (UTC)

[уреди] Предлог за период од 14 јули до 20 јули 2008

[уреди] Чај

Кинески чај во листови
Кинески чај во листови

Чај (од кин. 茶, chá) е пијалок кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis . Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или пеотеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.


За  --Brainmachinewtf? 06:57, 7 јули 2008 (UTC) Коментар  Убава и добро средена статија.
За  --Игор 16:09, 7 јули 2008 (UTC)
За  --Crnorizec 16:00, 9 јули 2008 (UTC) Коментар  многу добра статија, само ѝ фали поглавје "Чајна култура во Македонија"

[уреди] Предлог за период од 6 јули до 12 јули 2008

[уреди] НЛО

Фотографија од 1952 година која прикажува НЛО над Пазаик, Њу Џерзи. Од архивите на ФБИ.

Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување.

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни извештии и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.


За  --Igorpp
За  --Brainmachinewtf? 23:35, 5 јули 2008 (UTC) Коментар  Интересна статија, јас сум за. Поправив некои грешки и ставив една дефиниција па седнав и се зачитав малце :D
За  --Raso mk 00:40, 6 јули 2008 (UTC) Коментар  5 гласа од мене (ако може) :-)
За  --Виктор Јованоски 10:21, 7 јули 2008 (UTC) Гласам и ја поставувам за избрана.

[уреди] Предлог за период од 30 јуни до 6 јули 2008

[уреди] Евро 2008

Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини се Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и по распоред треба да заврши со финалето на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008. На ова првенство, по втор пат улогата на домаќин ја имаат две земји. Репрезентацијата на Грција беше бранител на титулата.

Австрија и Швајцарија заеднички се понудија да го организираат првенството и се соочија силна конкуренција во Грција/Турција, Шкотска/Ирска, Русија, Унгарија, Хрватска/Босна и Херцеговина, како и четирикратната скандинавска комбинација Норвешка/Шведска/Данска/Финска. Победата на Австрија и Швајцарија го означи второто здружно организирано Европско првенство по Евро 2000 чии домаќини беа Белгија и Холандија. Првенството во 2012 што ќе се оддржува во Полска и Украина ќе биде третиот европски шампионат со повеќе од еден домаќин.

Турнирот се игра на 8 стадиони лоцирани во двете земји - четири во Австрија и четири во Швајцарија. Секој стадион има капацитет од барем 30.000; најголем меѓу нив е Ернст Хапел стадионот во Виена со вкупно 53.295 места.[2] Токму поради оваа причин, на овој стадион ќе се игра финалето. Швајцарија сите свои натпревари во групата ќе ги игра на Сент Јаков Парк стадионот во Базел, каде исто така се играше и мечот на отварањето како компензација за финалето. Австриската репрезентација сите натпревари ги играше на Ернст Хапел стадионот.

Адидас во соработка со Бајер-материјали ја произведе топката со која се играат натпреварите на првенството. Нејзиното име е „Европас“ (EUROPASS). Основната бела боја прошарана со црни полиња асоцира на изгледот на традиционалната фудбалска топка, а меѓу прикажаните детали се и логото на турнирот како и знамињата на домаќините. Секоја топка што ќе се користи на поединечните натпревари врз себе има испишано дата, име на градот, име на стадионот како и на спротивставените репрезентации.

УЕФА објави дека вкупно 184 милиони евра е наградниот фонд за 16-те репрезентации што учествуваат на овој турнир, на тој начин јасно зголемувајќи го наградниот фонд од 129 милиони евра од претходниот шампионат.


За  --Crnorizec 23:44, 26 јуни 2008 (UTC) Коментар  Статијата е сеопфатна и акутно актуелна. Се надевам дека Виктор Јованоски или другите ќе ја дополнат со конечниот резултат до 30.06. (Германија-Шпанија 2:1 ?), а можеби и со уште некоја корисна информација.
За  --Brainmachinewtf? 00:16, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Баш навреме дојде оваа статија. Хаха, Crnorizec, мислиш Германија-Шпанија 0:3? :D
За  --Виктор Јованоски 00:37, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Да не бев разочаран од полуфиналињата веројатно ќе имаше уште неколку секции плус и уште поверојатно уште неколку статии за неколку репрезентации и играчи (ми стана традиција моите репрезентации да ми испаѓаат во полуфинале, а толку бев сигурен дека Русите овој пат ќе сменат нешто); патем, мислам дека ќе може подобро за главна страница (всушност, секако дека ќе треба да се додаде и шампионот); а за финалето - Германија-Шпанија 1:0.
За  --iNkubusse A? 01:44, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Убаини. И мене ми испаѓаат во полуфинале, и двете ми испаднаа. :( Ако тепа Германија, ќе гласам за црна позадина наместо избрана статија! Патем, категориите треба да се средат.
За  --Raso mk 07:27, 27 јуни 2008 (UTC) Коментар  Ај да се надоврзам. Deutschland über alles. De-Es 2:0

[уреди] 1930 ФИФА Светско првенство

Официјалното лого на СП 1930 Уругвај
Официјалното лого на СП 1930 Уругвај

Светското првенство во фудбал во 1930 година е првото издание на ова фудбалско натпреварување, Светскиот шампионат. Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 Јули до 30 Јули. ФИФА го одбра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година.

Тринаесет тимови се натпреваруваа во завршниот турнир, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка.Повеќето тимови од Европа одбиа да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето. Првите два натпревари на Светското првенство се одигаа во исто време, а победниците беа Франција која го победи Мексико со 4-1 и САД кој ја совлада Белгија со 3-0. Првиот гол во историјата на Светските првенства доа даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина во финалето пред 93.000 постануваќи прва екипа која освоила Светско првенство

1914 година ФИФА го признала фудбалот на Олимписките Игри како Светско првенство во фудбал за аматери преземајќи така одговорност за организирање на истиот турнир на следните три Олимпијаде 1920, 1924 и 1928 година. ( На Олимиските игри 1908 и 1912 организатори на натпреварувањето беле Шведкиот и Англискиот Фудбалски сојуз.)

На Олимпијадата во Лос Анџелес 1932 фудбалот воопшто не бил уклучен во програмата на натпреварувања поради непопуларноста во САД. ФИФА и Меѓународниот Олимписки Одбор не се слагале околу статусот на играчите аматери, а за последица имало неуклучувањето на фудбалот во програмата на Олимпијадата во 1932.

На 26 Мај 1928 на состанокот во Амстердам, одржан на ден пред почетокот на Олимпијадата во 1928, тогашниот ФИФА-ин председател Жил Риме најавил натпреварување независно од Олимписките Игри, отворено за сите членови на ФИФА.Италија, Шведска, Холандија, Шпанија и Уругвај поднесле пријава за домаќинство, избран Уругвај.


За  --Stefan40-3e3e 15:58, 21 јуни 2008 (UTC) Статијата е добро уредена и не личи на пренатрупана листа со статистика која за просечниот гледач не значи ништо, а и лесно се разбира, содржи се основно со што треба за да се опиши едно светско првенство. А и е доста многу подобрена од минатиот пат
Коментар  Премногу обемен текст кој е предложен да оди на главната страница. Треба значително да се скрати. Иначе статијата е подобрена во однос на претходниот предлог.--brest 09:44, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Од минатиот пат е многу подобрена. Сепак, не доволно за да биде избрана како една од најквалитетните статии на Википедија, и воопшто како многу квалитетна статија според стандардите.
  • Насловот не е во ред
  • Почетните четири збора нема потреба да бидат со викиврска
  • Инфокутијата не е добро форматирана
  • Интервикијата не се средени
  • Категориите не се средени
  • Видео материјалот не е препорачлив
  • Галеријата е апсолутно непотребна; обично во галериите се ставаат слободни слики
  • Има премногу лапсузи
  • Има премногу правописни и граматички грешки (особено во месеците!), ама премногу
  • Општо, форматирањето не е на ниво
На оваа статија ѝ недостасува уште мноогу за да стане квалитетна, но има време до 30 јуни. Сега само давам коментар и не гласам, бидејќи за сегашната верзија би гласал само „против“, но ако ја подобриме статијата до тогаш, веројатно ќе дадам глас „за“. Оф-топик, го молам корисникот што најмногу ја уредувал оваа статија внимателно да го прочита следниов текст: en:Wikipedia:Ownership of articles. --iNkubusse A? 13:24, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Почитувани колеги, ве упатувам кон оваа страница - Википедија:Критериуми за избрана статија. Мој предлог е да формираме комисија која ги прегледува статиите кои се кандидати за избрана статија. --Brainmachinewtf? 14:17, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  „Комисија за избор“, според правилата од Википедија:Критериуми за избрана статија, се сите регистрирани корисници на мк.вики. Цензура на содржините преку некаква комисија не е во духот на Википедија. Што се однесува до предложената статија, немам засега мислење. --Crnorizec 19:51, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Не, не, погрешно ме сфативте. Предлогот не ми беше за цензура, далеку од тоа. Јас зборувам само за некои корисници кои имаат посолидно познавање од правопис и граматика да ги прегледуваат потенцијалните статии за да ги истребат од сите евентуални грешки. Тоа да биде нешто како финален процес во „производната лента“. Или евентуално нешто како англиското „peer review“ кое оценува каков е напредокот на статијата и кои елементи фалат за да се подобри, за корисниците уште повеќе да го подобрат нејзиниот квалитет пред да биде избрана. Мислам дека вакво нешто би ни било во полза. Инаку сите мора да учествуваме во изборот, не можеме да ја менуваме демократијата врз која е базирана оваа заедница. Патем, доколку не го сфативте значењето на en:Wikipedia:Ownership of articles, да ви кажам: не велете „мојата статија“. Статиите никому не припаѓаат. Можете да кажете „статијата која ја започнав“ или „статијата на која работев“. --Brainmachinewtf? 20:53, 22 јуни 2008 (UTC)

[уреди] НЛО

Фотографија од 1952 година која прикажува НЛО над Пазаик, Њу Џерзи. Од архивите на ФБИ.

Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување.

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни извештии и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.


За  --Игор 16:32, 20 јуни 2008 (UTC) Коментар Мислам дека статијава е доволно опширна за да биде избрана за статија на неделата?
Коментар  Опширноста на статијата нема никаква врска со нејзиниот квалитет. Не давам никаков глас, што значи дека ако нема подобри предлози, нека биде оваа. --iNkubusse A? 18:57, 20 јуни 2008 (UTC)
Коментар  Па добро, важно е и статијата да содржи што повеќе материјал на таа тема, т.е. да биде опширна; посебно на оваа тема има што да се пишува. А во врска со квалитетот, мислам дека статијата на која работев е квалитетна, содржи правилни внатрешни врски, белешки, извори, слики итн. Преведувана е во поголем дел од српската википедија, каде еднаш и била избрана за статија на неделата.--Игор 09:08, 22 јуни 2008 (UTC)
Коментар  >> en:Wikipedia:Ownership of articles <<. Инаку, да, прилично квалитетна е. --iNkubusse A? 13: