алатникДруги јазици
|
Пјонгјанг
Пјонгјанг е главен град на Северна Кореја, кој се простира преку реката Таедонг. Официјалниот број на населението не е даден; во 1993 дадена е бројката 2,741,260, а во 2002 и 2003 - 2.5 и 3.8 милиони од Чонгрјон, просевернокорејска јапонска организација. Градот се одвоил од провинцијата Јужен Пјонган во 1946. Управуван е како директно управуван град (Чикалси), на исто ниво како и провинцијалните управни органи, а не специјален град (Теукбјеолси) како Сеул во Јужна Кореја.
[уреди] ИсторијаСпоред една легенда, градот е основан во 2334 п.н.е. под името Вангомсонг (왕검성; 王儉城). Станал важен центар за времето на Кочосон. Во 108 п.н.е. за време на династијата Хан, Кина го освоила Кочосон и главниот град на командантурата Леланг бил поставен близу Пјонгјанг. Леланг продолжил да биде важен стопански и културен упориште, сѐ додека не бил уништен во експанзијата на Когурјо во 313. Когурјо тука ја преселиле престолнината во 427. За време на династијата Танг, Кина и Сила и го победиле Когурјо во 668. Во 676 Сила го зазема градот, но го остава на границата помеѓу Сила и Балхае сѐ до династијата Корјо, кога градот заживеал повторно како Согјонг (서경; 西京; „Западна престолнина“) иако никогаш всушност не била пресолнина на Корјо. Градот бил главен град на провинцијата Пјонган за време на диастијата Чосеон, па главен град провинцијата Јужен Пјонган од 1896 и сѐ до потпаѓањето под јапонска власт. Во 1945 ѝ доаѓа крај на јапонската власт и местото го окупираат советски сили, и станува привремен главен град на Демократска Народна Република Кореја, додека државата сакала да го присвои Сеул како дотогашен главен град. Во Корејската војна градот бил тешко оштетен, кога за кратко бил окупиран од јужнокорејската војска. по војната градот набргу се преградил со советска помош, со тоа што многу згради се изградени во стилот на сталинистичката архитектура. [уреди] Административна поделбаПјонгјанг се дели на 19 кујоци и 4 окрузи кунови. [1]
[уреди] ЗнаменитостиГрадот е сосема преграден по Корејската војна (1950–1953). Направен е со широки булевари, импозантни споменици и монолитски згради. Највисока градба во градот е ендовршениот хотел Рјугјонг (330 м). Хотелот има 105 спрата, и во него се содржат 360,000 м² подна површина, и според планот на врвот требало да има седум вртливи ресторани. Од раните 1990-ти изградбата е сопрена и зградата стои како празна школка. Значајни знаменитости во градот се Триумфалната арка (поголема реплика на Триумфалната арка) во Париз, родното место на Ким Ил-сунг на ридот Мангјонгдае, кулата на идејата Чуче, и два од најголемите стадиони во светот (Стадион Ким ил Сунг и Првомајскиот стадион Рунгнадо). Пјонгјаншка ТВ кула е помала знаменитост. Друга туристичка атракција е зоолошката градина. [уреди] ТранспортПјонгјанг има дволиниско подземно метро со должина од 22.5 км. Има и 53 км трамвај и 150 км тролејбуска служба. Во градот нема толку приватни автомобили како во други земји, иако владата има голема флота од Мерцедес лимузини за партиските бирократи. Многу жители пеашчат, веозат велосипед или се возат во метрото. Државната команија Ер Корјо лета до Пекинг, Шенјанг и Владивосток. Понекогаш има чартер летови до Макао, Инчеон, Јангјанг и неколку јапонски градови. Ер Корјо лета и на домашни линии, но ова не потврдено. Наизменично до Пјонгјанг летаат неколку странски компании, кои се главно кинески. Градот има редовни железнички врски со Пекинг и Москва. До пекинг се стигнува за 25 часа и 25 минути (K27 од Пекинг / K28 од Пјонгјанг, понеделници, среди, четвртоци и недели); до Москва се стигнува за 6 дена. [уреди] Збратимени градови[уреди] Луѓе од Пјонгјанг
[уреди] Белешки
[уреди] Видете исто така[уреди] Надворешни врски
Региони Провинции Специјални административни региони Директно управувани градови |
||||||||||||||||||||||||||||