|
|
Проза
Проза (од латински: prosa — едноставно, јасно) е вид на литература што се разликува од поезија по својот ритам, како и сличноста на секојдневниот говор. Општо земено, прозниот запис навистина е едноставен и ослободен од очигледни стилски фигури. Прозниот запис обично се присвојува за опис на факти или расправа на идеи. Затоа, прозниот запис се користи во весници, списанија, романи, енциклопедии, сценарија, философија, писма, есеи, историја, биографија и многу други форми на запис.
|