Португалски јазик
Португалскиот јазик (português (помош·инфо)) е романски јазик од индоевропската фамилија. Потекнува од областа Галиција (во Шпанија и северна Португалија). Тој е официјален јазик на Ангола, Бразил, Гвинеја-Бисао, Зелено'ртските Острови, Мозамбик, Португалија и Сао Томе и Принсипе, а е коофицијален со кинескиот јазик во градот Макао во Кина и Тетум во Источен Тимор.
Португалскиот јазик често се нарекува "јазикот на Камоеш", по авторот на португалската национална епска поема Лузитанци; потоа "последниот цвет на Латинум" (од Олаво Билак) и "слаткиот јазик" од страна на Мигуел де Сервантес.
Португалскиот јазик се зборува и во Андора, Луксембург, Намибија и Парагвај.
|