АлатникДруги јазици |
Портал:БиологијаРепублика Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко - анатомска организација како и нивниот биохемиско - физиолошки строеж.Сознанијата за живата природа постепено се стекнувале уште многу порано пред настанокот на биологијата како посебна научна област. Во далечното минато, уште првобитните луѓе при собирањето на сопствената храна (разни растителни плодови и животни) почнале да распознаваат разни живи суштества. Подоцна, користејќи ги своите пообемни познавања за живиот свет во природата, човекот почнува да култивира некои растенија и да припитомува животни.
уреди
Избрана сликаДва лимони
Чарлс Роберт Дарвин (12 февруари 1809 – 19 април 1882) е англиски натуралист чија револуционерна теорија за природен избор како механизам претставува основа на современата теорија за еволуција и наследни особини.
Од 1831 до 1836 година учествува во научната експедиција на бродот „Бигл“, која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската револуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи се ремек дела на научната експозиција, пишувани со јасен и логичен стил. Во своето капитално дело „Потеклото на видовите“ ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени „дарвинизам“.
Иглокожите (лат. Echinodermata — „игличеста кожа“) се група на исклучиво морски животни кои живеат на дното од водениот екосистем и имаат егзоскелет (надворешен скелет) од варовникови плочки сместен под кожата. Плочките може да се фузирани една со друга, како кај морските ежови, потоа оретчени за да го забрзаат движењето, како кај морските ѕвезди, или редуцирани на ситни спикули во кожата, како што е кај морските краставици. Кожата обично има брадавичести проекции или игли или, пак, и двете.
Иглокожите имаат петтозрачна радијална симетрија, што значи дека нивното тело може да се подели на пет повеќе или помалку слични делови околу централната оска. За разлика од другите радијално симетрични животни, овие се развиваат од билатерално симетрична ларва и зачувуваат дел од билатералноста и како возрасни единки.
|
| kreatyna kreatyna www.activebody.pl | Gry Online Gry Online www.pozycjonarka.in… | Plaza 3 star hotel Los Angeles www.triptake.com | krynica noclegi krynica noclegi,ośrodek, wypoczynk… gornik.com.pl | Kredyty odnawialne Kredyty odnawialne www.eskarbiec.pl |