Понуда и побарувачка

Моделот на понудата и побарувчката  прикажува како цените се променуваат како резултат на рамнотежа помеѓу достапноста на производот(понуда) и волјата на тие со куповна моќ на различни цени(побарувачка). Графикот прикажува поместување во десно на побраувачката од D1 до D2 заедно со последично зголемување на цената и количината која се побарува, односно воспоставување на нов пазарен еквириблиум.
Моделот на понудата и побарувчката прикажува како цените се променуваат како резултат на рамнотежа помеѓу достапноста на производот(понуда) и волјата на тие со куповна моќ на различни цени(побарувачка). Графикот прикажува поместување во десно на побраувачката од D1 до D2 заедно со последично зголемување на цената и количината која се побарува, односно воспоставување на нов пазарен еквириблиум.
Економија

Општи аспекти

Историја на економската мисла
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Однесување · Компјутерска
Економетрија · Развојна
Експериментална · Теорија на игри
Математичка · Општествена психологија

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здраство

Листи

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Портал економија
Кутијава: п  р  у

Во економијата, понуда и побарувачка ги опишуват пазарните врски помеѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Моделот на понуда и побарувачка е фундаментален микроекономски модел, и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи во пазарен еквириблиум на количина и цена. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на еквриблиумот, опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката.



Содржина

[уреди] Основи

Пресекот на кривите на понудата(S) и побарувачка(D) ги одредуваат пазарната цена (P0) и количина (Q0).
Пресекот на кривите на понудата(S) и побарувачка(D) ги одредуваат пазарната цена (P0) и количина (Q0).

Моделот на понуда и побарувачка е замислен да функционира точно во совршена конкуренција, каде што влијанието на ниеден учесник на пазарот не може значајно да ја промени цената или количината на пазарот. Друга претпоставка на моделот е дека цените се познати на сите учесници на пазарот. Понудената количина од производителите како и побаруваната количина од потрошувачите зависи од пазарната цена на производот.Законот на понудата гласи дека понудената количина е во врска со цената, односно во правопропорционална врска:повисока цена - поголема понуда, и обратно:пониска цена - помала понуда. Законот на побарувачката е обратен, односно обратнопропорционален: повисока цена - помала побарувачка, или пониска цена - поголема побарувачка. Законите важат под претпоставка дека е исполнет принципот ceteris paribus ("при други непроменети фактори"), односно промената е само во цената. Овие закони претставени графички ги одсликуваат крива на побарувачката и крива на понудата или скратено понуда и побарувачка.

Моделот на понуда и побарувачка (или законот на понуда и побарувачка) вели дека пазарот тежнее кон еквириблиум, односно рамнотежа на цена и количина на пресекот на кривите на побарувачката и понудата. Во таа точка се понудува онолку количина колку и што се побарува(прикажано на графикот)[1]. Ако цената е под еквириблиумот, тогаш потрошувачите побаруваат повеќе добра одколку што производителите се подготвени да произведат. Со тоа се дефинира недостиг на добро. Недостигот ги стимулира производителите да ја подигнат цената се додека не се постигне еквириблиумот. Ако цената е над еквириблиумот, постои вишок на производ. Производителите се мотивирани да ја намалуваат цената се додека не се ослободат од вишокот, односно не се постигне еквириблиум.


[уреди] Распоред на понудата

Распоредот на понудата, прикажан преку кривата на понудата, е врската која постои помеѓу пазарната цена и количината на произведни добра. На краток рок, кога некои фактори се фикси, позитивен нагиб го одсликува законот за опаѓачки приноси, кој гласи: со додавање на еден вид дополнителни влезни единици во производството (инпути), ceteris paribus (при други непроменети услови), ќе имаме се помалце излезни единици, односно производи(аутпут). На долг рок, кога нема фиксни влезни единици(инпути), позитивно наклонета крива одсликува економии од обем.

Кривата на понуда на трудот илустрира како зголемувањето на платите ја зголемува понудата на работна сила до одредена точка(L2), над таа точка зголемувањето на платите резултира во намалување на понудата на работна сила.
Кривата на понуда на трудот илустрира како зголемувањето на платите ја зголемува понудата на работна сила до одредена точка(L2), над таа точка зголемувањето на платите резултира во намалување на понудата на работна сила.

За дадена фимра во услови на совршена конкуренција, профитот се максимизира со изедначување на маргиналниот трошок со цената, односно, на фирмата и се исплаќа да го зголемува производството се додека маргиналниот трошок не се изедначи со цената.

Понекогаш, кривите на понудата не се само правопропорционални, на пример кривата на понуда на труд/работни часови.Како што се зголемува платата на работникот, тој има желба да работи повеќе поради тоа што со работата ја зголемува маргиналната корисност од работењето, и опортунитетниот трошок од не работењето. Но кога платата ќе достигне екстремно високо ниво, работникот ќе го почуствува законот за опаѓачка маргинална корисност. Големата сума на пари која ја заработува, ги прави дополнителните пари од прекувремената работа незначајни, одтаму е демотивиран и понатаму да го зголемува своето работно време.[2]Обликот на кривата на понуда на трудот може да се забележи и во други пазари.

Невообичаена е и кривата на понуда на добрата и услугите од јавен интерес. Голем дел од трошоците за овие добра и услуги се фиксни одтаму понудата е константа(хорзунтална линија).

[уреди] Распоред на побрувачката

Распоредот на побарувачка, опишан графички како крива на побарувачка, представува променливата количината на добра што купувачите можат и сакаат да ја купат по различни цени, при други непроменети фактори(ceteris paribus). Скоро секогаш кривата на побарувачката е негативно наклонета крива, што значи дека со намалување на цената, потрошувачите ќе купваат повеќе добра.[1]

Како што кривата на понуда е одсликана од кривата на маргиналниот трошок, така и кривата на побарувачка е одсликана од кривата на маргиналната корисност.[3]

Главни детерминанти на индивудалната побарувачка се: цената на доброто, доходот, вкусовите на потрошувачите, населението(бројот на нас.), владините политики, цената на субститутите и цената на комплементарите.

Формата на агрегатната побарувачка може да биде конвексна или конкавна, најверојатно во зависност од распоредот на доходот.

Кривата на побарувачка не секогаш е негативно наклонета. Има ретки исклучоци каде што кривата на побарувачка е позитивно наклонета. Постојат два различни вида на добра со позитивно наклонета побарувачка: Гифинови добра ( инфериорни добра , но основни во исхраната) и Вебленови Добра (добра кои високата цена ги прави модерни и привлечни за купувачите).

[уреди] Пазарни промени

Практичната употреба на моделот на понуда и побарувачка се фокусира на промената на пазарниот еквириблиум на цена и количина, одсликан преку разните поместувања на кривата на понуда и кривата на побарувачка. Компаративната статика на таквите поместувања ги бара ефектите од почетниот еквириблиум до новиот еквириблиум.

[уреди] Поместувања на страна на побарувачката

Главна статија: Крива на побарувачка.
Поместувањето на кривата на побарувача во десно, односно на горе, го променува пазарниот еквириблиум зголемуваќи ги и количината и цената продадени на пазарот.
Поместувањето на кривата на побарувача во десно, односно на горе, го променува пазарниот еквириблиум зголемуваќи ги и количината и цената продадени на пазарот.

Зголемување на побарувачката се смета дека постои кога потрошувачите побаруваат поголема количина при непроменета цена. Зголемената побарувачка графички се прикажува како поместување на кривата на побарувачка во десно односно на горе. На секоја точка, односно при секоја цена се побарува поголема количина, како што е прикажано поместувањето на кривата од D1 во D2. Ако дијаграмот претставува пазар на кафе, и кај луѓето се зголеми желбата за кафе, тоа ќе ја зголеми цената од P1 на P2, и количината од Q1 на Q2. Движење низ кривата на побарувачката се вика "промена на побаруваната количина", додека пак поместување на кривата се вика "промена во побарувачката". Во претходниот пример, има зголемување на побарувачката, што е причина за зголемување на (еквириблиумот) количината. Зголемувањето на побарувачката може да биде предизвикано од промена на вкусовите, зголемување на доходот и т.н.

Ако побарувачката се намали, се случува спротивното: кривата на побарувачка се поместува во лево, односно на долу. Ако моменталната побарувачка на едно добро е D2 и се помести(во лево, односно се намали) во D1 тогаш цената и количината ќе се намалат. Кривата на понудата останува непроменета, односно понудената количина по соодвените цени е иста и пред и по поместувањето на побарувачката. Промената е во пазарната количина, цена и побарувачка. За секоја точка на кривата, односно по секоја цена се побарува поголема количина (кога има промена од D1 во D2.)

[уреди] Поместувања на страна на понудата

Поместувње на десно, односно на горе, на кривата на понуда ја намалува пазарната цена и ја зголемува пазарната количина
Поместувње на десно, односно на горе, на кривата на понуда ја намалува пазарната цена и ја зголемува пазарната количина

При промена на трошоците на производство за дадено ниво на аутпут, кривата на понудата се поместува во десно за намалени трошоци, и во лево за зголемени трошоци. На пример, доколку некој пронајде подобар начин за производство на жито така што се намали трошокот за производство на дадена количина на жито, во тој случај производителите ќе произведуваат повеќе жито по било која цена, односно кривата на понудата на жито ќе се помести во десно - зголемување на понудата. Ова зголемувње предизвикува намалувње на пазарната цена од P1 во P2, додека пак пазарната количина се зголемува од Q1 на Q2, поради поголемата побарувачка при новата пониска цена. При поместувањата на понудата, пазарната цена и пазарната количина се променуваат во спротивни насоки.

Обратното се случува кога има намалување на понудата, односно поместување во лево на кривата на понудата. На пример ако пазарот е на пресекот на кривите D и S2 и кривата на понудата се помести во S1, пазарната цена ќе се зголеми а пазарната количина ќе се намали. Количината која се побарува по различните цени е непроменета, има промени само во пазарната цена, количина и намалување на понудата.

Кога има поместувања во понудата или побарувачката, има четири можни промени. Поместување на побарувачката во десно или во лево, и поместување на понудата во десно или во лево.


Види исто така: Индуцирана побарувачка

[уреди] Еластичност

Главна статија: Еластичност (економија).

Еластичноста е централен концепт во теоријата на понуда и побарувачка. Еластичност се однесува на тоа како реагираат понудата и побарувачката на различните промени на факторите. Еден начин да се дефинира еластичноста е: процентуалната промена на една променлива поделена со процентуалната промена на друга променлива(позната како арк еластичност, која што ја пресметува еластичноста за опсег на вредности, за разлика од точкаста еластичност која користи диференцијални равенки за пресметка на еластичноста на одредена точка.) Еластичноста е мерка на релативните промени.

Често добро е да се знае како ќе се промени побаруваната или понудената количина за одредена промена во цената. Ова е уште познато како ценовна еластичност на побарувачката и ценовна еластичност на понудата. Ако монополистот одлучи да ја зголеми цената, како тоа ќе се одрази врз приходите од продажба ? Дали и колку зголемената цена ќе го предизвика очекуваното намалување на продаденото количество ? Ако владата воведе данок на одредено добро,со тоа зголемуваќи ја цената, како тоа ќе се одрази врз побарувачката ?

Уште една значајна карактеристика на еластичноста е што не е само коефициент на нагиб на функцијата. На пример, една права со константен коефициент на нагиб, ќе има различна еластичност на различни точки. Одтаму, мерката на еластичноста е независна од посредни големини (пример унци и грама, метри и милји), каде што мерката на нагибот е зависна од истите.

Еден начин да се пресмета еластичноста е количникот на процентуалната промена на количината и процентуалната промена на цената. На пример ако цената се зголеми од 1.00$ на 1.05$, а понудената количина од 100 пенкала на 102 пенкала, тогаш коефициентот на нагиб е 2/0.05 = 40 пенкала по долар. Поради зависноста на еластичноста од процентуалните промени, понудената количина на пенкала пораснала за 2%, а цената за 5%, еластичноста изнесува 2%/5% = 0.4.

Поради тоа што се работи за процентуални промени, промената на мерката или валутата нема да влијае врз еластичноста. Ако за голема промена на понудената или побаруваната количина, има мала промена во цената, се вели дека се работи за еластична крива на понудата или побарувачката. Ако пак за мала промена во количината има голема промена во цената, се работи за нееластична крива. Пример за перфектно нееластична понуда или нула еластичност, е вертикалната крива на понуда. (подолу на графикот)

Еластичноста може да се пресмета и во однос на други променливи освен цената. Еден од најчестите примери е доходот. Како ќе се промени побарувачката за некое добро за одредена промена во доходот ? Ова е уште познато како еласитчност на доход на побарувачката. На пример, за колку ќе се зголеми побарувачката за луксузeн автомобил ако просечниот доход порасне за 10% ? Ако коефициентот на еластичност е позитивен, на графикот на понуда и побарувачка тоа ќе претставува позитивно поместување(во десно) на побарувачката. На сите нивоа на цени, ќе се побаруваат повеќе луксузни автомобили.

Друга еластичност која често се зема во предвид е вкрстената еластичност на побарувачката, која што ги мери процентуалните промени во количината на едно добро во однос на процентуалните промени на цената на друго добро. Често се зема во предвид кога се поручуваат релативните промени на побарувачката кај комплементарните добра и субститутите. Комплементарните добра се добра кои често одат заедно, или се бескорисни едно без друго (пример автомоил и гориво). Субситутите се добра меѓу кои нема големи разлики и често можат да служат како замена едно за друго (пример путер и маргарин), каде што доколку се зголеми цената на едно добро(путер), потрошувачот може да купува помалце од тоа добро со тоа што ќе купува повќе од другото добро(маргарин).

Вкрстената еластичност се мери како количник на процентуалната промена во количината на едно добро со процентуалната промена во цената на друго добро. На пример, кај комплементарите, доколку се зголеми цената на горивото за 10% а побаруваната количина на коли се намали за 20% тогаш еластичноста изнесува -2.

[уреди] Вертикална крива на понуда(перфектно нееластична)

Кога побарувачката е D1 цената ќе биде P1. Кога таа е  D2 цената ќе биде P2. Забележете дека количината и во двата случаи е Q. Поради тоа што понудата е фиксна, било какви поместувања на побарувачката ја променуваат само пазарната цена.
Кога побарувачката е D1 цената ќе биде P1. Кога таа е D2 цената ќе биде P2. Забележете дека количината и во двата случаи е Q. Поради тоа што понудата е фиксна, било какви поместувања на побарувачката ја променуваат само пазарната цена.

Понекогаш кривата на понудата е вертикална, односно понудената количина е фиксна за било кое ниво на цени. На пример количината на земја во светот е фиксна. Без разлика колку потрошувачот сака да плати за дополнително парче земја, тоа не може да се произведе. Исто така и доколку никој не сака земја, таа сеуште ќе постои. Земјата одтаму има вертикална крива на понуда, односно нула еластичност (без разлика колку ќе се промени цената, количината на понудена земја останува фиксна).

Економиката на понудата тврди дека функцијата на агрегатната понуда - кривата на вкупната понуда во економијата - е релативно вертикална. Оддатму подржувачите на оваа теорија се против владина интервенција за стимулација на агрегатната побарувачка, која според овие тврдења би предизвикала само инфлација.[4]

[уреди] Останати пазари

Моделот на понуда и побарувачка се применува и на различни други посебни пазари.

Моделот се применува на платите, кои пак се одредени од пазарот на трудот. Кај пазарот на трудот улогите на понудувач и побарувач се обратни. Понудувачите се лицата кои се обидуваат да го продадат својот труд за највисока цена. Потрошувачите на трудот се фирмите, кои сакааат да го купат потребниот труд по најниска цена. Пазарната цена цена за некој вид на труд е платата.[5]

Моделот исто така се применува и на каматите во пазарот на пари. На краток рок, кривата на понудата на пари е вертикална, која пак ја контролира централната банка преку монетарната политика. Побарувачката за пари се сечи со вертикалната крива на понуда на пари за да се одредат кматните стапки.[6]

[уреди] Останати пазарни форми

Моделот на понуда и побарувачка се користи за објасување на однесувањето на учесниците на пазарот во услови на совршена конкуренција, но често се користи како стандард и за други пазарни форми. Во такви пазари, можеби и не постоии крива на понуда, туку е само замислена(како примерот погоре). Тогаш понудувачот или понудувачите во моделот се во однос само со побарувачката за одредување на пазарната цена и количина. Всушност, одлуките на понудувачите и потрошувачите се меѓусебно зависни на различен начин од оној во совршената конкуренција.

Монопол, е случај кога еден понудувач на производот може да ја одреди понудената количина или цена на пазарот. Целта на монополистот е да го максимизира профитот, одтаму во моделот монополистот ја одредува цената онаму каде што има максимален профит при одредена количина(од побарувачката). Оваа цена ќе биде повисока одколку цената во конкурентен пазар. Слична анализа се применува и кога за едно добро има еден купувач a многу продавчи, монопсон. Олигопол е пазарна форма кога постојат неколку продавачи на пазарот од кои секој ги зема во предвид своите и постапките на другите во однос на цената.Таквите пазари се анализираат со помош на теоријата на игри.

[уреди] Позитивно наклонета крива на побарувачка

Водеќи се од стандардните микроекономски претпоставки тешко е да се претпостави позитивно наклонета крива на побарувачка( ако зе зголеми цената, се зголемува побарувачката). Иако после долгогодишно истражување, сеуште не се има пронајдено добро за кое ќе биде оштоприфатено дека има позитно наклонета крива (Гифинови добра). Еден пример за Гифинови добра се компирите за време на гладот во Ирска. Имено, поскапувањето на компирите во Ирска предизвикува понатамошно осиромашување на населението за кое компирите се основен прехрамбен продукт. Поради фактот што сиромашното население нема поефтина алтернатива за прехрана, зголемувањето на цената на компирите, го намалува доходот кој може да се употреби за други прехрамбени продукти, и со тоа сиромашното население е принудено и покрај повисоката цена да побарува повеќе компири.

Исто така постојат и добра кај кои намалувњето на цената предизвикува намалување на побарувачката ( Вебленови Добра). На пример, намалувањето на цената кај луксузните автомобили, предизвикува пад на побарувачката за истите. Тоа е поради фактот што луѓето пониската цена ја сметаат како сигнал за послаб квалитет, односно самите добра се привлечни поради високата цена. Некогаш и покрај постоњеето на негативно наклонета крива на побарувачка, можно е зголемувањето на доходот да доведе до намалување на побарувачкта. Тоа е поради фактот што со зголемувњето на доходот, на потрошувачите им стануваат достапни и поатрактивни алтернативи. Добрата со вакви својства се уште познати како инфериорни добра

[уреди] Негативно наклонета крива на понуда

Постојат случаи, кога цената на едно добро опаѓа, а повеќе добра се понудени. Тоа главно се должи на економиите од обем. Еден посебен случај е производството на компјутерски софтвер, каде што производството на првата програма има голем трошок, додека пак дополнителното копирање на програмата има скоро незначителен(маргинален трошок).

[уреди] Емпириски проценки

Врските на понудата и побарувачкта може емпирски да се оценат од цената, количината и други податоци. Ова може да се направи со методот на оценка со помош на системи на равенки во економетријата. Ваквите методи, овзможуваат решавање на важните структурни коефициенти. Проблемот на идентификација на параметрите е чест во структурното оценувње. Вообичаено, потребни се податоците за егзогените променливи ( тоа се останатие промеливи освен цената и количината, кои пак се ендогени). Алтернатива на стурктурното оценување е намалената форма, која пак се служи со регресирање на ендогените променливи со следствените егзогени променливи.

[уреди] Употреба на моделот во Макроекономијата

Понудата и побарувачкта се воопштени за да се објаснат некои макроекономски променливи во пазарна економија, како на пример вкупното ниво на аутпут како и општото ниво на цени.Моделот на Агрегатната понуда и Агрегатната побарувачка е најдиректната примена на понудата и побарувачкта во макроекономијата, но исто така и други макроеконмски модели се служат со понудата и побарувачкта. За разлика од микроекономијата, во макроекономијата има повеќе спротиставени гледишта во однос на теортските основи на примената на моделот. Понудата и побарувачкта во макроекономијата се користат и за да се поврзе понудата на пари со каматните стапки

[уреди] Кусок на побарувачката

Кусок во побарувачкта се јавува кога фактичката побарувачка е пониска од проценатата или проектираната. Кусоците на побарувачка се предизивкани од преценувњето на побарувачкта во фазата на планирање на производството. Преценувањето е предизвикано од оптимистичка пристрасност и/или стратешки погрешно претставување.

[уреди] Историја

Фразата "понуда и побарувачка" прв пат се сретнува во Иследување на принципите на политичката економија, дело на Џејмс Стујарт објавено во 1767. Адам Смит ја користи истата фраза во Богатството на народите од 1776. Дејвид Рикардо во неговото дело од 1817, Принципи на политичката економија и оданочувањето, има именувано една глава "За влијанието нa понудата и побарувачката на цената".[7]

Во Богатството на народите, Смит претпоставува дека цената на понудените стоки е фиксна, но нејзината значајност(вредност) би се намалила доколку се зголеми "реткостa", всушност го втемелува она што подоцна ќе се вика закон на побарувачката. Дејвид Рикардо, во Принципи на политичката економија и оданочувањето, поригорозно ги поставува претпоставките кои подоцна ќе бидат темел на неговите идеи за понудата и побарувачката.Антоан Августин прв го развива математичкиот модел на понуда и побарувачка, во неговото дело од 1838, Истражување на математичките принципи за теоријата на богатството.

За време на 19тиот век се појавува маргиналистичката школа на економската мисла. Поважни основоположнци на оваа школа се: Стенли Џевонс, Карл Менгер и Леон Валрас. Клучната теорија на маргиналистите е дека цената е одредена од "најскапата цена", односно од последната маргинална цена. Ова претставува значајна промена во однос на теоријата на Адам Смит за одредување на фиксните понудените цени.

Флеминг Џенкин, во неговиот есеј од 1870 година, Графичко претставување на понудата и побарувачката, за првпат ќе го нацрта графикот на понуда и побарувачка, кој со време преку Алфред Маршал ќе стане најпопуларниот график во економијата.

Моделот е доразвиен и популаризиран од Алфред Маршал во неговото дело од 1890, Принципи на политичката економија.[7] Заедно со Леон Валрас, Маршал го наоѓа еквириблиумот, состојбата на рамнотежа, на пресекот на двете криви. Тие исто така ги испитуваат последиците кои ги предизвикуваат пазарите еден врз друг.

[уреди] Види исто така