|
|
Помош:НајавувањеНајавувањето не е потребно за прегледување страници, ниту за нивно уредување. Сепак, тоа носи дополнителни можности, и главно се препорачува.
[уреди] НајавувањеКреирањето на сметка значи да внесете корисничко име (вашето име или прекар) и лозинка. Системот ќе одбие корисничко име кое веќе постои. Сметките се креираат само еднаш. Потоа сте „најавени“. Следниот пат за да се најавите потребано е повторно да го внесете вашето корисничко име зо лозинката за да докажете дека сте истата личност. Сите измени што ги правите се поврзани со вашето корисничко име. Кога не сте најавени, вашите измени се запишуваат под вашата IP адреса. Некои МедијаВики проекти формираат фамилија - најавување на еден проект автоматски значи најавување на целата фамилија и истите прилагодувања важат секаде. На Викимедија проектите (како Википедија на македонски јазик, Викикниги и сл), најавувањето и прилагодувањата се засебни за сите викија. [уреди] Зошто да се пријавитеНе морате да се најавите за да читате било кое МедијаВики вики. Не морате ниту да се најавите за да уредувате страници, секој може да уредува.. Сепак, се највувањето ви носи неколку придобивки:
[уреди] Како да се најавитеПрво, осигурајте се дека вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Некои прелистувачи прифаќаат или одбиваат колачиња од индивидуални сајтови; ваквите корисници треба да го подесат прелистувачот да прима колачиња од секое вики кое планирате да го користите, како wikipedia.org. Кликнете на врската Најавете се во горниот десен агол. Ќе ви бидат побарани корисничко име и лозинка. Ако не сте се регистрирале претходно, ќе треба да ја внесете лозинката два пати. Можете да внесете и е-поштенска адреса, но немора. Оваа адреса не се објавува никаде. Ако кликнете на полето If you click the box Запамти ја лозинката за повеќе сесии., веќе нема да морате да ја внесувате лозинката за пристап на МедијаВики вики-то од истиот компјутер. Најавувањето и промена на прилагодувањата се посебни за секое вики. Можете да користите меѓу-вики идентитет со регистрирање на истото корисничко име на секое вики што го користете, ако тоа е слободно. [уреди] Проблеми при најавувањеАко можете да се најавите, но штом се обидете да отворите некоја страница по пораката Успешно најавување сте повторно одјавени, најверојатно настал проблем со колачињата. Ако сте сигурни дека колачињата се дозволени, проверете случајно да не сте го ставиле http://mk.wikipedia.org во листата на сајтови од кои се одбиваат колачиња (оваа можност е достапна (барем) во Mozilla Firefox, Microsoft Internet Explorer, Opera). Исто така осигурајте се дека датумот и времето на вашиот компјутер се коректно поставени; доколку не се, колачињата може да истечат порано одошто треба. [уреди] Што ако ја заборавам лозинката?Ако внесете е-поштенска адреса при пријавувањето, или ја поставите во прилагодувањата, на формата за најавување можете да побарате да ви се прати привремена лозинка на таа адреса, која ќе ви дозволи да се најавите. Ако не внесовте е-поштенска адреса или таа истекла, но сте одлучени да добиете пристап до сметката, можеби ќе можете да убедите некој со директен пристап до базата да ви ја поврати лозинката. [уреди] Креирање сметкаЗа да креирате сметка, изберете Најавете се (горен десен агол) и потоа креирајте сметка. На следната форма треба да внесете корисничко име и лозинка. Во горниот дел на формата ќе добиете упатство да извршите една едноставна акција како спам заштита. [уреди] Како да ја прилагодите ВикипедијаКликнете на мои прилагодувања во горниот десен агол за различни опции како:
За повеќе видете Помош:Прилагодувања. [уреди] Вашата Корисничка страница и Страница за разговорОткако ќе се регистрирате, можете да направите ваша корисничка страница и страница за разговор. Кога сте најавени, во горниот десен агол ќе го видите вашето корисничко име. Со кликнување ќе стигнете до вашата корисничка страница, која можете да ја менувате како и секоја друга вики страница. Исто така имате и Страница за разговор. Можете да ја отворите со кликнување на врската мој разговор, веднаш до вашето корисничко име во горниот десен агол. За повеќе видете Помош:Разговор. [уреди] Како да се одјавитеМожете да се одјавите во било кое време со кликнување на врската одјавете се во горниот десен агол. |