|
|
Полски јазик
Полскиот јазик (Полски: język polski, polszczyzna) е официјалниот јазик на Полска. Полскиот јазик е главен претставник од Лехитскиот огранок од Западнословенските јазици. Настанал во областите на денешна Полска, од неколку локални Западнословенски дијалекти, повеќето доста говорени во Големополска и Малополска.
Полскиот јазик некогаш бил лингва франка во различни региони од Средна и Источна Европа, како резултат на политичките, културните, научните и воените влијанија од Полско-Литванската државна заедница. Иако денес го има изгубено своето влијание, сепак тој е разбирлив за луѓето од западна Украина, Белорусија и Литванија како втор јазик.
[уреди] Видете исто така
|