Перу
Перу е држава во западниот дел од Јужна Америка. Се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ, а на запад излегува на Тихиот Океан. Главен град е Лима.Населението претежно зборува Шпански,но исто така и голем дел од нив зборуваат домородни јазици како Quechua(кечуа) кој бил јазик на империјата на Инките,кои подоцна биле поразени од Шпанците. Денес во Јужна Америка(делови од Боливија,северно-западниот дел од Аргентина и Перу зборуваатQuechua,но и други домородни јазици. Перу претставува една од најубавите земји по културата,храната,музиката и историските остатоци од минатото. Попознати туристички атракции се Lima,Cusco и Machu Picchu(изгубениот град на Инките). Nazca lines(Наска линиите) на високите планини во Перу,се една од мистериите на оваа држава.
|