Пакистан
Исламската Република Пакистан е држава во Јужна Азија. На југ излегува на Арапското море, на запад се граничи со Иран и Авганистан, на исток со Индија, а на североисток со Кина. Главен град е Исламабад.
Независност стекнува на 14 август 1947 година, како Доминион Пакистан. На 23 март 1956 година се преименува во Исламска Република Пакистан. До 1971 година во нејзин состав е и денешен Бангладеш, дотогаш познат како Источен Пакистан.
На 12 октомври 1999 година генералот Первез Мушараф доаѓа на власт преку воен удар. Подоцна ја презема функцијата претседател на државата и се уште се наоѓа на власт.
|