|
|
Павзаниј
Павзаниј бил крал на Античка Македонија кој живеел во 393 п.н.е.
[уреди] Биографија
Павзаниј бил син на кралот Аероп II. По таткова линија ѝ припаѓал на династијата Линкестиди, кои делувале во северозападна Македонија. Владеел една година, и според Диодор бил убиен од Аминта II, внук на Александар I, кој го зазел престолот (Диодор, 14.89). Во хронологијата на владетели Павзаниј понекогаш стои по Аминта II според распоредот на династиските таблици на Хрониката на Есевиј, кој ја составувал во IV век според претходните записи на грчките историчари и делумно според Диодор. Историјата за него е оскудна и конфузна. Во ова време македонските владетели се менувале често во меѓусебна борба за престолот, а и името Аминта истовремено го носеле неколку членови на династијата Аргеади.
[уреди] Библиографија
- Диодор, «Историческая библиотека» СПб, 1774
|