Непал
Непал е република (кралство до 2008) на Хималаите. Се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду.
По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија. Сепак монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај, 2008 Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.
|