алатникДруги јазици |
Македонците во Бугарија
Еден од симболите на Македонскиот народ, со ѕвездата од Кутлеш (Вергина), ова знаме го користат Македонците и Македонските организации од Пиринска Македонија
Македонците во Бугарија се автохтоно население кое воглавно живее во Пиринска Македонија, во југоисточниот дел на денешната Република Бугарија.[4] Во определени периоди постоело и иселување од политичка и економска причина, од другите делови на Македонската регија . Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови : Средниот Век, во време на Ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската надвласт, по Илинденското востание, по Балканските Војни и Првата Светска војна.
[уреди] Статистички податоциСпоред државната статистика на Република Бугарија на последниот одржан попис во 2001 година, како Македонци се изјасниле 5.071 (0,06%) жители на Бугарија. Но, според Красимир Канев од Бугарскиот Хелсиншки комитет, во 1998 година нивниот број бил неколку пати поголем.[5] Невозможно е да се каже колкав е точниот број, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиони, вкл. и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како економски емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија. Но, голем дел од нив се веќе асимилирани. Според официјалнот став на Бугарската држава поимот Македонци означува жители на одреден регион во државата и Македонците се дел од Бугарскиот народ. Политички, Македонци се само граѓаните на Република Македонија кои живеат во Бугарија (вклучително и Албанците од Македонија) е официјален став на бугарската држава.[6] Според Стојко Стојков, еден од водачите на ОМО Илинден - Пирин, во Бугарија живеат 187.000 луѓе кои се декларираат како Македонци, најголемиот дел од нив живее на подрачјето на Пиринска Македонија. Тие податоци не се потврдени на последниот попис од 2001 година. [уреди] Пописи во Пиринска МакедонијаВиди Пиринска Македонија [уреди] Попис од 1920 годинаСпоред пописот од 1920 г. населението броело 155.598 жители. [уреди] Попис од 1946 годинаВо декември 1946 г. во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лица, односно 70 проценти се изјасниле како етнички Македонци.[7][8] [уреди] Попис од 1956 годинаДесет години подоцна (1956 г.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 проценти од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии.[9] [10]
[уреди] Попис од 1965 годинаВо пописот од 1965 како Македонци се декларирале само 8.750 жители. [уреди] Попис од 1975 годинаПри пописот од 1975, ниту еден жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец. [уреди] Попис од 2001 годинаСпоред пописот од 2001 г. населението во Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители. 306.118 oд нив како мајчин јазик го декларирале бугарскиот јазик, 19.819 жители го декларирале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 - ромскиот јазик. [уреди] Податоци за Благоевградска област
[уреди] Податоци за цела Бугарија
[уреди] Медиуми и наукаДенес Македонците во Пиринска Македонија не се признати како малцинство. Имаат право на школување на мајчиниот јазик.[11][12]Училишната настава се изведува на единствениот официјален за државата бугарски јазик. Според неофицијални податоци во 1992 година 10.803 лица се изјасниле како Македонци, од кои само 3500 декларирале македонскиот како мајчин јазик.[13] Во 1947 година беа создадени печатни медиуми, Пирински Вестник и печатница, Македонска Книга. Тие биле дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик и култура. Медиумите биле укинати и затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта. Во 1990 година бил создаден нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име Народна Волја. Весникот се уредува и печати во Горна Џумаја. [14][15] [уреди] ВероисповестВероисповеста на Македонците во Бугарија е православието. Верниците ги користат услугите на бугарската црква, бидејки македонската нема претставник во Бугарија. Воглавно во Бугарија преовладува атеизмот, поради строгиот комунистички систем кој ја забранувал религијата, во Бугарија има само 800 свештеници[се бара извор]. [уреди] Политички и културни друштваПостојат повеќе организации на Македонците во Пиринска Македонија :
[уреди] Познати личности со македонско потекло во јавниот живот на БугаријаПознати бугарски државници од македонско потекло се премиерите Андреј Љапчев и Георги Димитров, министерот за здравство и внатрешни работи во прохитлеровска Бугарија за време на Втора Светска војна - Александар Станишев, основачот на БКП Димитар Благоев и други. Родум од Македонија се и писателите Димитар Талев и Венко Марковски, поетите Никола Вапцаров, Христо Смирненски и други. Денешниот премиер на Бугарија, Сергеј Станишев и претседателот на парламентот Георги Пирински, исто така имаат потекло од Егејска Македонија. Сите тие ја истакнале повеќе пати својата бугарска национална свест. [уреди] Активисти за човекови права на Македонците во БугаријаАтанас Кирјаков, Јордан Костадинов, Сократ Маркилов, Славе Македонски, Георги Радулов, Георги Солунски, Стојко Стојков, Иван Сингартијски, Ботјо Вангелов, Димитар Захов, Стојан Георгиев Томовичин, Георги Христов, Александар Христов, Димитар Србаков, Стефан Влахов Мицов, Ангел Безев, Атанас Манушкин, Кирил Иванов, Георги Дукимов [уреди] Видете исто така[уреди] Извори
[уреди] Надворешни врски
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||