алатникДруги јазици |
Македонска азбукаМакедонската азбука е официјално писмо на територијата на Република Македонија. Базирана е врз кирилицата со одредени модификации приспособени на македонскиот фонетски систем. Современата македонска азбука се базира врз две кирилични азбуки и тоа азбуката на Крсте Петков Мисирков и врз азбуката на Вук Караџиќ. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени буквите љ, њ и џ а сите останати од азбуката на Крсте Петков Мисирков. Важное да се напомене дека буквите прифатени од Вук Караџиќ се прифатени само како симболи но не и како гласови. Истиоте букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков но со графички симболи л' и н'.
[уреди] Историска позадинаМакедонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал званичен јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944. Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури во 1945. [уреди] АзбукатаВо следниве таблици се дадените големите и малите букви, заедно со МФА-вредности за звукот на секоја буква:
Оваа азбука претставува печатен облик на писмото, додека ракописното писмо е многу поразлично. Освен вообичаените звуци на буквите ѓ и ќ, во некои наречја овие букви звучат како /ʥ/ и /ʨ/, соодветно. [уреди] Уникатни буквиМакедонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19-тиот век. Во своето дело За македонцките работи, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј. Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани во Мисирковата книга како л' и н', а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации. Изненадувачки, сè до крајот на Втората Светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата сеуште се пишува Лубе и се изговара Льубе, наместо Љубе. Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо. Акцентираните букви „è“, „ѝ“ и „ô“ не се сметаат за посебни букви, ниту за вистински акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви „е“, „и“ и „о“ кои се одбележуваат со надреден знак во зборови кои имаат хомографи, за нивно разликување. [уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||