Летни олимписки игри - 2000

Games of the XXVII Olympiad

Град домаќин Сиднеј, Австралија
Бр. на држави 199
Бр. на спортисти 10,651
(6,582 мажи, 4,069 жени)
Натпревари 300 од 28 спортови
Отворени 15 септември
Затворени 1 октомври
Официјално отворени од: Sir Вилијам ДИн
Атлетска Заклетва Рејчел Хокс
Олимписка заклетва Питер Кер
Олимписки оган Кети Фримен
Стадион Стадион Австралија

Летните олимписки игри - 2000 или Милениумските игри, а официјално познати како игрите на 27. Олимпијада се одржаа во Сиднеј.

Содржина

[уреди] Избор на градот-домаќин

Сиднеј беше избран за домаќин на Олимписките игри во 2000 на 23 ноември 1993 со победата над конкурентските градови Манчестер, Истанбул, Пекинг и Берлин на 101. сесија на МОК во Монте Карло. Во следната табела се дадени резултати од гласањето:

2000 Summer Olympics Bidding Results
City NOC Name Прв ккруг Вторкруг Трет круг Round 4
Сиднеј Австралија Австралија 30 30 37 45
Пекинг Народна Република Кина НР Кина 32 37 40 43
Манчестер Обединето Кралство Обединето Кралство 11 13 11 -
Берлин Германија Германија 9 9 - -
Истанбул Турција Турција 7 - - -

[уреди] Ретроспектива

Олимпискиот стадион за време на игрите
Олимпискиот стадион за време на игрите
  • За втор пат во Олимписката историја Олимписките игри се одржале во јужната хемисфера. За прв пат тоа се случило со организираните игри во 1956 година во Мелбурн.
  • И покрај тоа што игрите се одржале повторно во Австралија по 52-годишна пауза, овие игри не ги отворила британската кралица Елизабета II.
  • Јан Торп од Австралија освои 3 златни и 2 сребрени медали во пливање на само 17 години. Посебен впешаток остави во трките на 400m слободен стил и штафетата 4x100m слободно во која, тој во последната измена успеа да го надомести заостатокот зад дотогаш водечката штафета на САД.
  • Стив Редгрејв од Велика Британија во веслање во дисциплината четворка без кормилар го освои својот петти златен медал на петтите Олимписки игри.
  • Во финалето на Олимпискиот турнир во фудбал во машка конкуренција Камерун ја совлада Шпанија по изведувањето на пеналите со што ја освои својата прва историска титула во овој спорт на Олимписките игри.
  • На 29 септември, канадското знаме беше спуштено на половина копје откако ден пред тоа почина поранешниот канадски премиер Пјер Трудо.

[уреди] Спортови

[уреди] Демонстративни спортови

[се бара извор]

[уреди] Земји-учеснички

Земји-учеснички
Земји-учеснички

Спортисти од 199 земји (Национални олимписки комитети) земаа учество на игрите во Сиднеј. На игрите дебитираа: Еритреа, Микронезија и Палау; додека четворицата спортисти од Источен Тимор настапија како поединечни олимписки натпреварувачи.