АлатникДруги јазици
|
Крстоносни војниКрстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.[1] Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, турците - селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“. Во текот на Крстоносните војни, самите крстоносци се соочиле со големи внатрешни политички, економски и социјални судири. Поради овие конфликти помеѓу христијанските кралства и политичките сили, некои од крстоносните походи завршиле со голем неуспех за крстоносците. Така на пример, целта на четвртата крстоносна војна била освојување на Константинопол, но дошло до противење кое довело до одложување на истото за неколку години (1204).[2] Во крстоносните војни учествувале множество претставници на витешки редови како што биле Витезите-Болничари, Витезите-Темплари, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонските витези, Малтешкиот ред и.т.н. Точниот број на крстоносните походи сеуште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле спроведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична од онаа во текот на Средниот век. [уреди] Состојбите на Блискиот истокМуслиманското завладување на Светите Земји започнало со арапското завојување на Палестина во 7 век. Успесите на муслиманите довеле до пораст на притисокот во Византиската империја и до намалување на териториите што таа претходно ги имала освоено. Исто така, како друг фактор кој влијаел за започнување на таква војна било разрушувањето на Светиот Гроб од страна на Ал-Хаким Би-Амар Алах. Така, неговиот наследник во 1039 година по долготрајни преговори дозволил Византиската империја повторно да го изгради Светиот Гроб.[3] За таа сметка, муслиманските владетели добиле огромни финансиски средства од страна на Византија. Така, базиликата била повторно изградена, но за време на нејзиното градење и по нејзината изградба, многу поклоници биле духовно убивани. Сепак, за богатството на Ерусалим биле свесни и самите турци-селџуци. Кон половината на 11 век, турците селџуци по потекло од Централна Азија неуморно се движеле кон запад освојувајќи го Багдат, и во текот на тие освојувања локалното население го исламизирале. Во меѓувреме, Мала Азија, Сирија, Палестина и Египет биле контролирани од страна на муслиманите. Главна причина за поразот на муслиманскиот свет во Првата крстоносна војна се согледува во поделеноста и културното недоразбирање помеѓу муслиманите. Така, Анадолија и Сирија биле контролирани од страна на селџуците, што претходно имале веќе создадено една голема империја, но во тој момент биле разделени на многу мали држави. Алп Арслан ја поразил Византија кај Манцикерт во 1071 и големи територии од Византија ги присоединил кон својата империја. Но, по смртта на Малик Шах I во 1092 година во империјата избувнала граѓанска војна која довела до пропаст на истата. Малик Шах I бил наследен од страна на Килиџ Арслан I, а во Сирија тој бил наследен од страна на неговиот брат Тутуш I, кој умира во 1095 година. Неговите синови, Редуан и Дукак го наследиле неговиот престол во Алепо и Дамаск. Така била предизвикана и граѓанската војна во империјата која довела до разделување на големата империја на повеќе држави. На секоја од овие држави основна цел ѝ била потчинување на своите соседи повеќе отколку наоѓање на решение за веќе најавената војна од страна на крстоносците. Во останатите делови на Селџукската империја раководиле Ортокидите во североисточна Сирија и Месопотамија. Тие со Ерусалим управувале сѐ до 1098 година кога крстоносците го зазеле градот. Египет и голем дел од Палестина биле под контрола на шиитите Фатимиди, чија империја била значително намалена по доаѓањето на селџуците. Алексеј I ги советувал крстоносците да дејствувал заедно со Фатимиди. Во почетокот, тие не сметале дека крстоносците би можеле да бидат закана за нив, бидејќи сметале дека нивна крајна цел е освојувањето на Сирија, но не и Палестина. Така, сѐ додека крстоносците не стигнале пред портите на Ерусалим, воопшто немало борба помеѓу овие две сили. [уреди] Состојбите во Западна ЕвропаКризата која ја зафатила Франкиската империја во 9 век довела до моментална стабилизација на границите од западна Европа. Во меѓувреме, била извршена христијанизација на викинзите, словените и унгарците, што дополнително довело до меѓусебно поврзани војни и терори врз месното население. Од своја страна, црквата сѐ повеќе започнувала да навлегува во политичкиот живот во Европа, па така, се обидела и овде да стави крај на овие насилија, обидувајќи се да ја стави религијата пред политичките интереси помеѓу народите во Европа. Во глобала, црквата во тоа и успеала, со исклучок на Шпанија и Португалија, односно со избувнувањето на востанието Реконквиста, кога од страна на ибериските рицари и неколку воени платеници од Европа биле протерани муслиманските арапи од Иберискиот полуостров. Така, исламот продолжил да се пробива низ христијанска Европа, па во текот на 7 век и 8 век поголем дел од медитеранските земји и Иберискиот полуостров попаднале под власта на муслиманите. [4]Во меѓувреме, норманите војувале за освојување на Сицилија, а Пиза, Џенова и Арагон биле заземени од исламистите во Мајорка и Сардинија, ослободувајќи ги бреговите на Италија и Шпанија од муслиманите. Во 1063 година, папата Александар II го дал својот благослов на ибериските христијани во нивните воени походи против муслиманите, давајќи им папски благослов (the vexillum sancti Petri) и награда за секој кој ќе појде и кој ќе убие муслиман. Во меѓувреме се повеќе биле зачестени нападите од страна на турските-селџуци врз Византија, која на некој начин била потисната. Затоа, императорот Михаил VII побарал помош од папата Григориј VII. Истото го сторил и императорот Алексеј I Комнен од папа Урбан II. Во меѓувреме, Михаил VII побарал помош и од страна на Кина во евентуална борба против турските-селџуци.[1] Непосредна причина за започнување на првата крстоносна војна бил апелот на византискиот император Алексеј I Комнен до папа Урбан II за потпомагање на постојаните напади врз неговата империја од страна на муслиманите. На 26 август 1071 година во битката кај Манцикерт, византиската војска била катастрофално поразена, а царот Роман IV Диоген бил заробен. Со оваа бита често пати се смета и дека Византија всушност не доживеала пораз на дело, туку еден вид политички пораз, кој подоцна ќе придонесе за пропаѓање на империјата, и за кој пораз не се виновни самите војници и војсководци, туку самото раководство. Во меѓувреме настанал и расколот помеѓу католичкиот западен свет и источниот православен свет, за кој долги години требало да поминат за да се ублажат односите помеѓу овие две цркви. [уреди] Состојбите во Источна ЕвропаКако еден од факторите за започнувањето на крстоносните војни лежи и во средновековното развивање на западните, а истовремено постепеното опаѓање на моќта на источните земји од Европа, предимно Византиската империја која сѐ повеќе била мета на напади од страна на турските муслимани. Директниот сосед на Западна Европа на југоисток била христијанската Византиска империја. Во време од само десет години, муслиманите ја освоиле и Никеја и воспоставиле контрола над цела Мала Азија. Византиската империја се состоела само од нејзините области западно од Босфорот, па така на царот Алексеј не му преостанувало ништо друго освен да побара помош од Западна Европа за да го спречи сигурното уништување на империјата.[5] Но, по Големата шизма од 1054 година помеѓу Византија и папата во Рим, конечно ја разделува христијанската црква на православни во Источна Европа и на католици во Западна Европа. [уреди] Листа на крстоносните војни
[уреди] Повик на папатаНа 27 ноември 1095 година, една недела по Црковниот собор во катедралата, папа Урбан II им се обратил на многубројната толпа насобрана околу ѕидините на Клермон. Тој ги повикал насобраните да се воздржат од меѓусебни борби, бидејќи крвавите војни ја уништувале Европа уште од опустошувањето на Рим во 410 година. исто така, тој им рекол дека е подобро својата енергија да ја трошат борејќи се против неверниците од исток и да го вратат Ерусалим во рацете на Мајката црква. Толпата била во екстаза извикувајќи „Deus lo volt“ односно „Бог тоа го сака“. Бискупите и кардиналите веднаш клекнале пред папата и го замолиле да ги поведе кон поход. Така започнала и првата крстоносна војна.[6] [уреди] Прва крстоносна војнаНа Соборот во Клермон кој се одржал во 1095 година била донесена одлука за започнување на нова војна која ќе го ослободи “Божјиот гроб од неверниците“. Овој чин всушност претставувал и помош на Византија од страна на папата, кој сметал дека повторно ќе дојде до обединување на двете цркви под раководство на папата како "главен епископ и прелат на целиот свет", како што сам се нарекувал. [7] Кралот Сигурд I Магнусон бил прв европски крал кој заминал со своите крстоносци кон Светите Земји. Здружените западноевропски крстоносци во нивниот прв крстоносен поход го освоиле Ерусалим и уште неколку градови од околината. Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија, која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи. Годфрид Бујонски бил еден од водачите во Првиот крстоносен поход и по освојувањето на Ерусалим, станал крал на Ерусалим. Тој не сакал да биде крунисан како крал, туку како чувар на Светиот Гроб. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел- ослободување на Ерусалим. [уреди] Опсада на ЕрусалимОпсадата на Ерусалим започнала од 7 јуни и траела се до 15 јули 1099 година. Крстоносците успеале да го заземат Ерусалим, каде бил “ослободен“ гробот на Исус Христос и била остварена и самата цел на првата војна. По повеќето неуспешни обиди за заземање на градот, конечно тоа успеало во јули кога во утрото на 15 јули кулата на Готфрид Бујонски се приближила многу блиску до ѕидините на градот. Така, првиот кој што влегол во градот бил фландрискиот витез Летолд, потоа Готфрид Бујонски, брат му Еустас Бујонски и Танкред Галилејски. При нивното влегување во градот, крстоносците ги пљачкале, убивале или мачеле скоро целото население на гртадот ( муслимани, евреи или христијани).[8] Многу од муслиманите се засолниле во џамијата Ал Акса, а колежот бил толку страшен, да според историските извори имало “крв до колена“. [9] Единствени кои го преживеале колежот бил гувернерот на Фатимид кој се повлекол во култа на Давид и потоа се предал под услов слободно да излезе од Ерусалим. Готфрид Бујонски на 22 јули ја зел титулата- Чувар на Божјиот гроб, а по една година на неговиот престол седнал неговиот брат, Балдвин I Ерусалимски. [10] [уреди] Крстоносна војна од 1101Во текот на 1101 година бил организиран нов поход од страна на Етиен Де Блоа и Југ Де Вермондоа, кои се упатиле кон своите земји пред да биде превземeн Ерусалим. Овој поход е познат како крстоносен поход од 1101 година и се смета како краен поход од првата крстоносна војна. [11] [уреди] Втора крстоносна војнаПо освојувањето на Светата земја од страна на христијаните и создавање на крстоносни држави, конфликтот помеѓу муслиманите и христијаните не стивнувал. Така, овој пат походот го започниле турците кои тргнале во обид да ја освојат Едеса и сите други градови кои биле заземени од страна на крстоносците. Новиот крстоносен поход бил поткрепен од страна на многу проповедници, особено од Бернард Клаирвакс. Француските и германските војски со нивните кралеви Луј VII и Конрад III исто така марширале директно кон Ерусалим во 1147 година, но сепак не постигнале поголеми успеси. Крстоносците пробале да го освојат и Дамаск, но во тоа не успеале и целиот поход бил неуспешен. Оваа крстоносна војна започнала во 1147 година и траела се до 1149 година.[12] Овој поход завршил како резултат од потпаѓањето и превземањето на Едеса од страна на бегот Зенги. Како единствен успех кој им се препишува на крстоносците од овој поход е зазимањето на Лисабон и истерување на маврите од самиот град. [уреди] Трета крстоносна војнаВо 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[13] Ова бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата Гргур VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим. [уреди] Опсадата на АркаОпсадата на Арка била еден од најважните настани во текот на третата крстоносна војна која траела од 28 август 1189 година до 12 јули 1191 година, и за прв пат во историјата на крстоносните походи кралевите од двете страни учествувале (или поконкретно со свои очи ја гледале) заштитата на светата земја. Друго по кое се одликува оваа битка е и дека една од најсмртоносните, односно битка во која загинале најмногу војници.[14] [уреди] Четврта крстоносна војнаЧетвртата крстоносна војна била иницирана од страна на папата Иноцентие III се со цел да се освои Египет и Светата земја. Бидејќи крстоносците немале доволно средства за да ѝ платат за поморскиот превоз на Венецијанската република, тие за возврат, како начин на плаќање, го нападнале и освоиле градот Задар за Венеција. Папата Иноцентие III остро се спротивставил на нападот врз братските католички земји, и се заканил со екскомуникација на крстоносците, но водачите ова го сокриле од војската. Така, по преземањето на Задар, крстоносните сили се упатиле кон Константинопол.[15] На 13.04.1204 година градот бил превземен од страна на крстоносците, а со тоа било целосно уништено христијанското Византиско царство.[16] На местото на Византија, биле формирани нови крстоносни држави: Латинска империја, Солунско кралство, Ахајско кнежество, Атинско војводство, Никејско царство, Епирско деспотство и Трапезунтско царство. [уреди] Катарска крстоносна војна | ||||||||||