Косово

Republika e Kosovës
Република Косово / Republika Kosovo
Republic of Kosovo
Знаме на Косово Грб на Косово
ХимнаЕвропа[1]
Локација на Косово
CIA Factbook карта на Косово
Главен град
(и најголем град)
Приштина
42°40′N, 21°10′E
Официјални јазици Албански, српски
Признати регионални јазици Турски, македонски, ромски, босански
Етнички групи (2007) 92% Албанци
  5,3% Срби
  2.7% others[2]
Облик на управување Парламентарна република
 -  Претседател Фатмир Сејдиу (ЛДК)
 -  Премиер Хашим Тачи (ПДК)
Независност1 од Србија 
 -  декларирана 17 февруари 2008 
Површина
 -  Вкупно 10.908 km² 
4.212 mi² 
 -  Вода (%) n/a
Население
 -  2007 проценка 2.100.000[3] 
 -  1991 попис 1.956.1961 
 -  Густина 220/km² 
500/mi²
БДП (ПКМ) 2007 проценка
 -  Вкупен $4 билиони[4] (нема)
 -  На жител $1.800[4] (151ва)
БДП (номинален) 2007 проценка
 -  Вкупен €3,343 билиони[5] (нема)
 -  На жител €1.573[5] (нема)
Валута Евро () (EUR)
Часова зона CET (UTC+1)
 -  Лето (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Интернет домен нема назначен
Повикувачки број +3812
1 Независноста е само призната парцијално (50 земји меѓу кои и Република Македонија)
2 Официјално +381; некои мобилни оператори користат +377 (Монако) или +386 (Словенија).

Република Косово (српски: Косово и Метохија / Kosovo i Metohija, албански: Kosova), на македонски најчесто нарекувано само Косово, е независна република на балканскиот полуостров. Независноста ја стекна во 2008, како автономна покраина на Србија, која од 1999 година се наоѓа под управа на Обединетите Нации. Се наоѓа во југо-западниот дел на Србија, а се граничи со Македонија на југ и со Албанија и Црна Гора на запад.

На 17. фебруари 2008. Собранието на Косово ја изгласа Декларацијата за независност, со која Косово се прогласи за независна република. Независноста досега ја имаат признаено САД, Турција, Албанија, Австрија, Германија, Италија, Франција, Обединетото Кралство, Република Кина (Тајван), Австралија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и други земји. Република Македонија официјално независноста на Косово ја призна на 9 октомври 2008 година. За разлика од нив, Кина, Русија и нивните сојузници ја сметаат независноста на Косово за илегална, бидејќи е спротивна на волјата на Србија и на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.


Содржина

[уреди] Косовскиот спор и војната од 1999 година

Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сеуште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на К-ФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Транзициониот Претседател на Косово е Фатмир Сејдиу.

[уреди] Население

Официјален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1.677.000 жители, од кои Албанци биле 77,42%, Срби биле 13,22%, Муслимани (Горанци (Македонци) и Бошњаци) 3,70%, Роми 2,15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25,3% (наталитет 31,8%).

Но по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради протерувањето на околу 200.000 Срби и друго неалбанско население. Денес бројот на жителите на Косово се проценува дека е околу 2,2 милиони од кои Албанците се 88%, Србите 7% итн.

[уреди] Историја

Територијата на Косово била населена уште од антички времиња. На територијата на Косово во антиката опстојувала државата Дарданија која била населена со античкиот народ - Дарданци. Во времето на македонскиот цар Филип II Македонски (таткото на Александар Македонски) Дарданија била освоена и приклучена кон Македонското царство.

Со доаѓањето на Словените на Балканот, Косово ќе стане еден од центрите на православието и словенската писменост. За време на средниот век Косово било дел од средновековните српски држави на царот Душан и царското семејство Немањиќи и во тоа време се изградени најголем дел од манастирите на Косово и Метохија, како што се манастирите Грачаница, Дечани итн. Во градот Пеќ во Метохија подоцна ќе биде формирана Пеќката патријаршија.

Кон крајот на XIV век на Косово ќе се одигра една од најголемите битки со Турците Османлии. Во 1389 година на Косово Поле на местото Газиместан ќе се одигра познатата Косовска Битка во која српските кнезови ќе бидат поразени од страна на Турците, а Милош Обилиќ ќе го убие султанот Мурат во неговиот шатор. Денес на Газиместан се наоѓа спомен костурница од битката и турбе на султанот Мурат.

Со доаѓањето на Турците започнуваат процесите на исламизација и првите доселувања на Албанците на Косово, кои ќе земат пошироки размери кон крајот на XIX век. За време на османската власт Косово се стекнува со статусот Косовски Вилает. За време на Балканските војни, српската војска повторно ќе води битка со Турците на Косово за негово приклучување кон Kралството Србија. Во ова време за Косово се користело името Стара Србија.

За време на Втората светска војна, поголемиот дел на Косово ќе потпадне под италијанска окупација (подоцна под албанска), а мал дел (југо-источниот дел) во околината на Урошевац и Гњилане ќе биде под бугарска окупација. Во градот Призрен во Метохија ќе биде потпишан познатиот договор „Призренска лига“ за формирање на албанската фашистичка организација Бали Комбтар.

Во 1974 година Косово се стекнува со статусот „социјалистичка автономна покраина“ на Србија и Југославија, и во нејзе покрај српскиот официјален јазик ќе стане и албанскиот. Со здобивањето на овој статус се направени значајни чекори во развојот на Косово, бидејќи се отворени универзитет, театри и други културни и научни установи на албански јазик. По смртта на Јосип Броз Тито, во 1981 година ќе се случат познатите студентски демонстрации кои подоцна ќе прераснат во општонародни демонстрации со барање Косово да добие статус на седма република во Југославија. Со доаѓањето на Слободан Милошевиќ како владин претставник во Косово и неговиот говор на Газиместан по повод 600-годишнината од Косовската битка тензиите меѓу косовските Албанци и српските власти уште повеќе ќе нараснат, што ќе резултитра со почеток на воените судири во 1997 година.

По воената интервенција на НАТО врз СР Југославија во 1999 година, на Косово се стационираат силите на меѓународната заедница и Косово се здобива со статус на „меѓународен протекторат“. Во тек се преговорите за статусот и иднината на Косово.

Главниот град Приштина
Главниот град Приштина

На 17 февруари, 2008 година, Парламентот на Косово едногласно ја усвојува декларацијата за независност, ја прогласува Република Косово и ги усвојува државните симболи. Овој чин е прифатен со воодушевување од мнозинското албанско население кое излегува на улиците да ја прослави долгоочекуваната независност. Во текот на потпишувањето на декларацијата од страна на пратениците Албанци, премиерот на Србија, Војислав Коштуница се обраќа на нацијата изјавувајќи дека чинот на самопрогласувањето на независноста е незаконски и против принципите на меѓународното право, уште еднаш давајќи до знаење на српските граѓани, посебно на оние кои живеат на Косово и Метохија, дека Косово и понатаму останува дел од Србија, а тие нејзини граѓани.

Етнички групи на Косово
Година Албанци Срби1 Други
1455 1 % 98 % 1 %
1871 32 % 64 % 4 %
1899 48 % 44 % 8 %
1921 66 % 26 % 8 %
1931 69 % ?? % ? %
1939 60 % 34 % 5 %
1948 68 % 27 % 5 %
1953 65 % 27 % 6 %
1961 67 % 27 % 6 %
1971 74 % 21 % 5 %
1981 77 % 15 % 8 %
1991 82 % 11 % 7 %
20002 88 % 7 % 5 %
20072 92 % 5 % 3 %
1 вклучувајќи ги и Црногорците
2 приближен податок
Извор: Статистичката канцеларија на Косово,
Светска банка (2000), OSCE (2005)

[уреди] Географија

Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината Дреница и планината Црнољева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетије со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во Србија), на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.

Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влива во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив.

[уреди] Територијална поделба

Долините Косово и Метохија
Долините Косово и Метохија

Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Општина Приштина.

Округ Главен град Површина
во km²
Население
од 2002
Густина
по km²
Општини
Ѓаковски округ
(-{Komuna e Gjakovës}-)
Ѓаковица 1042 242.077 232
Гњилански округ
(-{Komuna e Gjilanit}-)
Гњилане
Округ Косовска Митровица
(-{Komuna e Mitrovicës}-)
Косовска Митровица
Пеќки округ
(-{Komuna e Pejës}-)
Пеќ
Приштински округ
(-{Komuna e Prishtinës}-)
Приштина
Призренски округ
(-{Komuna e Prizrenit}-)
Призрен
Урошевачки округ
(-{Komuna e Ferizajt}-)
Урошевац
Општини
01. Дечани 11. Лепосавиќ 21. Призрен
02. Драгаш 12. Липљан 22. Србица
03. Ѓаковица 13. Малишево 23. Штрпце
04. Глоговац 14. Косовска Митровица 24. Штимље
05. Гњилане 15. Ново Брдо 25. Сува Река
06. Исток 16. Обилиќ 26. Урошевац
07. Качаник 17. Ораховац 27. Косовска
08. Косовска Каменица 18. Пеќ 28. Вучитрн
09. Клина 19. Подујево 29. Зубин Поток
10. Косово поле 20. Приштина 30. Звечан
Косово и Метохија

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Извори

  1. "Assembly approves Kosovo anthem" b92.net 11 хуни 2008 Link accessed 11/06/08
  2. Enti i Statistikës së Kosovës
  3. Видете [1] ОН проценка, проценките за населението на Косово варираат од 1,9 до 2,4 милиони. Последните два пописи изведени во 1981 и 1991 покажале дека Косово има 1,6 и 1,9 милиони односно, но пописот од 1991 веројатно покажал помал број на Албанци. Последната проценка на ОБСЕ од 2001 дава бројка од 2,4 милиони. The World Factbook дава бројка од 2.126.708 за годината 2007 (видете Шаблон:CIA World Factbook link).
  4. 4,0 4,1 „The World Factbook - Kosovo“. CIA.gov. [Страницата е посетена на 2008-04-05].
  5. 5,0 5,1 Совет за безбедност на ОН. „Извештај на Генералниот секретар за административната мисија на Обединетите Нации во Косово“. UNDemocracy.com. [Страницата е посетена на 17 септември 2008].

system wymiany linków SEO Tools SEO Tools SEO Tools tanie kredyty gotówkowe kreatyna Plaza 3 star hotel Los Angeles krynica noclegi Sejm Tyk