|
|
Кенија
Кенија е република во Источна Африка. Зафаќа површина од 582,600 км2. Се граничи со Етиопија на север, со Сомалија на североисток, Танзанија на југ, Уганда на запад и со Судан на северозапад. На југоисток излегува на Индискиот Океан. Главен град е Најроби. Независна е од 1963 година.
Населението се состои од групата на племиња на Банту црнци (Акикуи, Акамба, Балухја, Басама, Вањика, Ватете и Свахили), потоа нилотска група племиња (Нанде, Туркана, Масаи) и Сомалијци. Религијата е претставена со христијанство, ислам, анимизам и тотемизам. Службени јазици се англискиот и свахили, а главен говорен јазик е кукују.
|