алатникДруги јазици
|
Источна ЕвропаИсточна Европа е источниот регион на Европа кој се дефинира на неколку начини:
- Источната граница е или Урал во Русија или Пацифичкиот брег на далечниот исток на Русија. - Западната граница се наоѓа помеѓу Европската Унија и Заедницата на независни држави (Во некои случаи кадешто Калининград не е вклучен).
Во многу извори, Источна Европа се дефинира како поранешниот комунистички блок на Европа под влијание на Советскиот Сојуз (Вклучително и СФРЈ и Албанија) за време на Студената војна. Како културен и етнички концепт, поимот Источна Eвропа е дефиниран од германските националисти во 19 век, како Славјанска Европа, наспроти Германската (западна) Европа. Овој концепт е засилен во периодот пред почетокот на Втората светска војна и често користен во расистичката терминологија со цел да се прикажат славјанските култури како инфериорни кон западните/германски култури, јазици и традиции. |