Главна страница / избрана статија / 2007

Види исто така избрани статии за: 2008, 2007, 2006, 2005 година.

Избрани статии се оние статии кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни и најсодржајни. Пред да се постави овде некоја статија истата мора да биде изгласана за уредност, точност, неутралност и стил на пишување.

Предлагачот на избрана статија потребно е на страницата за разговор да предложи и текст (извадок или сиже од статијата) кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува во недела во 24 часот по македонско време, и потоа сликата која добила најмногу гласови се поставува на главната страница.

Забелешка: На секоја од избраните статии, најдолу, под категориите, се поставува шаблонот {{Избрана}}.


Седмица 52

Александар Василевич Суворов (рус. Александр Васильевич Суворов), гроф Римнишки, кнез Италијански, гроф на Светата Римска империја (24 ноември, 172918 мај, 1800), бил четвртиот и последен руски генералисимус (без Сталин). Еден од малкуте велики војсководци во историјата кои никогаш не изгубиле битка, прочуен по неговиот прирачник Наука на победата („Наука Побеждать“) и познат по своите мисли „Тешко во обуката, лесно в бој“ („Тяжело в учении, легко в бою“), „Куршумот е глупак, а бајонетот е јунак.“ („Пуля дура, штык молодец.“), „Загини сам, но спаси го другарот!“ („Погибни сам, но спаси товарища“).

Суворов е роден во благородничко семејство во новгородско потекло во московскиот дворец на дедо му Федосеј Мануков (земјопоседник од Орјолската губернија и висок службеник на царот Петар Велики). Бидејќи Манук е популарно ерменско име (со значење „млад“), па така се претпоставува дека Манукови биле со ерменско потекло.

Седмица 51

Јане Сандански е македонски револуционер, раководител и војвода на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).

Роден е на 18 мај 1872 год. во с. Влахи, Мелничко (Сандански, Пиринска Македонија). Потекнува од семејство на земјоделци. Татко му, Иван Сандански, е знаменосец на Кресненското востание, по кое семејството емигрирало во Кнежеството Бугариjа, во градот Дупница, каде завршува основно образование и втори клас гимназија. Две години потоа како чирак го изучува чевларскиот занает; две години работел како молбописец, помошник адвокат во адвокатската канцеларија на својот вујко, а потоа самостојно. Уште во гимназијата почнува да чита револуционерна литература, којашто во него побудува една романтично чуство за долг кон татковината. Во 1895 стапува во контакт со четата на стариот ајдутин Стојо, и се вклучува во неговата чета - во која што се и офицерот Тома Давидов и студентот Кирил Прличев (син на Григор Прличев). Четата навлегува во Македонија (Серско) и го пали турското село Доспат, во коешто има турска касарна. Потоа прави уште едно навлегување со чета.

Во 1897 година, во Дупница, заедно со 7 други млади Македонци го основа друштвото "Младост", коешто има за цел самообразование и дружење. Две години е претседател на друштвото.

Седмица 50

Лазар Поп Трајков е македонски поет, револуционер, раководител и војвода на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).

Роден е во 1878 година во револуционерното село Д’мбени (Костурско), сега во Грција) во семејството на Поп Трајко - чесен човек и голем патриот. Селото Д’мбени имало 300 куќи и било едно од најразвиените села во Македонија, но за време на Илинденското востание било сосема разрушено и опожарено. Од истото село потекнуваат и многу други револуционери патриоти.

Поп Трајков развива интензивна револуционерна дејност во своето родно Костурско во времетраење од 1898-1899 година. Својата работа како учител, тој ја користи како покритие за да обиколува по Костурските села и да пропагира револуционерна борба. Toj e првиот организатор на Костурската околија.

По низа херојски подвизи (од кои особено се истакнуваат битките против турскиот аскер на врвовите Локвата и Вињари), убиен е предавнички од страна на Коте и Павле Киров. Опеан е во голем број народни песни.

Седмица 49

Наметнатиот спор за името Македонија од страна на Република Грција опфаќа неколку прашања главно обединети околу спорот за името Македонија, етничкото потекло на населението што живее во Македонија, како и ословувањето на македонскиот јазик кој е во употреба во Македонија. Ескалацијата на спорот постигнува такви размери што за неговото решавање се вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко рамниште во рамките на организацијата на Обединетите нации.

Спорот, во главно, е плод на несогласувањето на Република Грција да го прифати уставното име Македонија. Привременото решение „поранешна Југословенска Република Македонија“ (ПЈРМ) (во англиската верзија "former Yugoslav Republic of Macedonia" (FYROM)), покрај Република Грција, го користат и неколку други земји. Сепак сите членки на Обединетите Нации, и самиот ОН како целина, се согласни да го прифатат решението што ќе произлезе како резултат на меѓусебните разговори на двете земји.

Седмица 48

Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) е револуционерна организација основана на 23 октомври 1893 година во град Солун. Дејствува до 1912 година. Целите на организацијата се добивање на автономија за Македонија и Одринска Тракија по пат на револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври 1893 година според стариот календар) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско.

Во своите мемоари, разни основачи посочуваат различни цели. Така, на пример, Христо Татарчев спомнува автономија како прв чекор кон обединување со Бугарија, Иван Хаџиниколов како основна цел ја посочува борбата против српската пропаганда, додека пак Дамјан Груев говори само за автономија на Македонија. И покрај разногласијата, основачите се сложуваат дека слободата на Македонија и Одринско може да се постигне само со внатрешно вооружено востание, т.е. ослободување со сопствени сили. Токму околу оваа државотворна мисла се формира платформата на ТМОРО.

Седмица 47

Вилијам Хогарт (англ. William Hogarth), (10 ноември, 169726 октомври, 1764) е важен англиски сликар, графичар, ликовен сатиричар и карикатурист, кој се смета за првиот цртач на стрипови. Неговите дела се разновидни и варираат од одлични реалистични портрети до стриповиден серијал од слики наречен „современи поучни содржини“. Многу негови дела, иако понекогаш горки, ја исмеваат тогашната политика и обичаи.

Хогарт живее во време во кое уметноста станува сѐ повеќе комерцијализирана и гледана по излозите, крчмите и јавните згради. Старите хиерархии се распаѓаат, па затоа и се развиваат нови форми: баладната опера, буржојската трагедија и особено, новата форма на белетристика со име роман со помош на која авторите како Хенри Филдинг доживуваат голем успех. Така, во тоа време, Хогарт добива нова идеја, како што самиот забележува: „сликање и клиширање на современи поучни содржини ... да постапувам со содржините како драмски писател; сликата ми беше сцена“.

Во Англија, пред Хогарт, во ликовната уметност нема комедија. Неговите графики се скапи, и така останува до почетокот на 19ти век, кога препечатени стануваат достапни за пошироката јавност. Хогартовата куќа во Чизвик, западен Лондон, денес е музеј со бесплатен влез; тука се наоѓа и една од најпознатите лондонски раскрснициХогартовиот кружен тек.

Седмица 46

Марија Јурјевна Шарапова (руски: Мария Юрьевна Шарапова) (родена на 19 април 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.

Шарапова има освоено два Гренд Слема. Таа е последниот освојувач на УС Опен, откако ја победи Жастин Анин во финалето од 2006 година. Во 2004 година, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс.

Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после нуклеарната несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган.

Нејзиниот талент е забележан од страна на Мартина Навратилова, а прв пат почнала да тренира тенис со рекетот подарен од таткото на Евгениј Кафелников. На седум години, Шарапова оди во САД заедно со нејзиниот татко - Јури - и станува дел од Тениската Академија Ник Болетиери во Бредентон, Флорида. Нејзината мајака, Јелена, која е оневозможена да дојде поради визниот режим, стигнува во САД неколку години подоцна. Оттогаш Шарапова живее во САД но сѐ уште има руско државјанство.

Во 2002 година, Шарапова купува куќа на плажата Менхетн, Калифорнија во предградие на Лос Анџелес, но најголем дел од годината го минува близу тренинг кампот во Бредентон.

Седмица 45

Мојата борба“ (германски: Mein Kampf) е книга од австриско-германскиот водач, политичар, канцелар и диктатор, Адолф Хитлер, во којашто се содржат елементи на автобиографија и вовед и претставување на нацистичката политичка идеологија на Хитлер. Првиот том од „Мојата борба“ е издаден во 1925, а вториот во 1926 година.

Мојата борба“ е збир од автобиографски раскажувања, историски и политички анализи и дискусии за многу различни теми, како меѓународни финансии, демократија, трговски заедници, улогата на пропагандата итн. без строга структура и редослед. Погледите на Хитлер на било која од тие теми се расфрлани во разни делови од книгата, некогаш како дел од долго анализирање на темата, а некогаш како одеднаш нафрлени забелешки. Севкупно, книгата ја претставува нацистичката идеологија (национал-социјализам). Книгата му била диктирана на Рудолф Хес, но се открива карактеристичниот говорнички стил, со изразена реторичност, генерализирање, повторување, емоционализам и недостаток на детали и факти.

Големо влијание врз книгата има извршено книгата на Густав Лебон од 1895 година, „Толпа: Анализа на популарниот ум“, којашто ја опишува пропагандата како соодветна рационална техника за управување на навидум нерационалното однесување на толпите. Особено забележлив е насилниот антисемитизам на Хитлер и неговите соработници. На пример, Хитлер тврдел дека меѓународниот јазик есперанто е дел од еврејска завера.

Во Македонија, книгата е достапна од 2005 година, издадена е од ТНИД „Ѓурѓа“ - Скопје, преведена e од Елена Николова, и има 590 страници.

Седмица 44

Ирвин Ален Гинсберг (3 јуни 19265 април 1997) е американски поет, икона на хипи-движењето од втората половина на дваесеттиот век. Гинсберг е најпознат по своето дело Урлик (1956), една долга поема во која го дава суровиот реалистичен приказ на само-уништувањето на неговите пријатели од Бит генерацијата, како и деструктивните сили на материјализмот и конформизот на американското општество врз човековата личност.

Гинсберг е роден во еврејско семејство во Њуарк, Њу Џерси. Неговиот татко - социјалистот Луј Гинсберг - е поет и средношколски професор. Мајката на Гинсберг, Наоми Ливерџант (која страда од епилепсија и ментални болести од типот на параноја) е активен член на Комунистичката партија на САД и често ги носи своите синови - Ален и Јуџин - на партиските состаноци. Гинсберг подоцна ќе рече: "Мама ги измислуваше нашите приказни за пред спиење и сите изгледаа вака: добриот крал јаваше кон својот замок, ги виде несреќните работници и им помогна.'"

Како тинејџер, Гинсберг почнува да пишува писма до Њујорк Тајмс во врска со политички теми од типот на Втората светска војна и правата на работниците. Кога станува средношколец, патува со автобус, заедно со својата мајка, на нејзината терапија. Патувањето го вознемирува младиот Гинсберг - го спомнува него, заедно со уште неколку други моменти од своето детство во неговата долга автобиографска поема "Кадиш за Наоми Гинсберг (1894-1956)." Додека е во средно училиште, Гинсберг почнува да го чита Волт Витмен; ќе рече дека бил инспириран од страста на неговиот учител за читање.

Седмица 43

Национал-социјалистичка германска работничка партија (германски: Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei  или НСДАП (NSDAP), најчесто ословувана како Нацистичка партија) била десничарска политичка партија во Германија помеѓу 1920 и 1945 година.

Водачот на партијата, Адолф Хитлер, бил назначен за канцелар на Германија од претседателот Паул фон Хинденбург во 1933. По смртта на Хинденбург, Хитлер набрзина воспоставил тоталитаристички режим познат како Третиот рајх, под којшто партијата се здобила со речиси неограничена моќ.

Нацистичката идеологија ја истакнува расната чистота на германскиот народ и ги гонела оние што ги сметала или за непријатели или за „живот невреден за живот“ (Lebensunwertes Leben) (вклучувајќи ги Евреите, Циганите, Словените и хомосексуалците, покрај Јеховините сведоци, умствено и телесно заостанатите, социјалистите и комунистите). Практикувањето на овие верувања донела директно до смртта на приближно 11 милиони луѓе, што е сега познато како Холокауст. Понатаму, Нацистичкиот концепт на Простор за живеење (Lebensraum) и потрагата по создавањето на Голема Германија, биле едни од главните причини за Втората Светска војна, во којашто загинале повеќе од 60 милиони луѓе.

Седмица 42


Жан-Никола Артур Рембо (20 октомври 185410 ноември 1891) е француски поет, роден во Шарлвил. Иако сѐ што напишал е во период од само три години (од неговата 16-та до 19-та година), неговото влијание на модерната литература, музика и уметност е огромно, распространето и од непроценлива вредност.

Уште додека Рембо е жив, Гароти ќе го нарече „водач на декадентската школа“. Во „Манифестот на надреализмотАндре Бретон ќе напише: „Рембо е надреалист во практиката на животот и другаде“. За католички расположениот Клодел тој е „мистик во дива состојба“, за Ками - „авантурист на апсурдот“, за Сартр - „еден егзистенцијалистички поет“. Пол Валери пак ќе го смета Рембо за еден од своите два омилени поети (покрај неговиот учител Стефан Маларме). Боб Дилан ќе рече дека неговото животно мото се врти околу Рембоовото „Je est un autre“ (Јас - тоа е некој друг). Ван Морисон ќе му посвети една прекрасна песна „Tore Down a la Rimbaud“, а Пати Смит ќе ја препее неговата поезија на англиски. Џим Морисон и Пабло Пикасо од Рембо ќе направат слика на архетипен бунтовник.

Повеќе од еден век по неговата смрт, Рембо не престанува да биде причина за бројни дискусии и контроверзии во литературниот свет.

Седмица 41

Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужно-словенски народи.

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на Македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7-ми век, со локалното население. Потврда за овој став се разните антрополошки и генетски истражувања, коишто констатираат само 20-25% словенски гени, додека останатите 75% ги оквалификуваат како генетски материјал од народите што ја населувале Македонија пред доаѓањето на Словените.

Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго. Македонскиот народ исто така има голема улога во создавањето на словенската писменост - имено солунскиот словенски дијалект се зема како основа за создавањето на старословенската азбука, и прави огромен придонес за општословенската и европската култура.

Седмица 40

Народно Ослободителниот Фронт (НОФ) е политичка и воена организација на Македонците од Егејска Македонија (Грција). Организацијата е активна во периодот од 1945 до 1949 година, односно непосредно пред и за време на Граѓанската Војна во Грција.

По ослободувањето на Грција, и потпишувањето на договорот од Варкиза за разоружување на ЕЛАС, почнува да излегува на површина тензијата меѓу левите сили и владата подржана од Велика Британија околу прашањето за властта во пост-воена Грција. Заради дијаметрално спротивните позиции на двете страни, нема никакви знаци за постигнување на консензус за возможна политичка стабилизација на државата.

Додека КПГ седи на преговарачка маса со цел по демократски пат да постигне дел од своите цели во рамките на политичкиот дијалог, во Северна Грција се активираат десничарски банди, кои, потпомогнати од владини сили, го тероризираат етничкото Македонско население, обвинувајќи го за автономистичка и сепаратистичка дејност. Иако за време на окупацијата “Батаљоните за сигурност“ (Тагмата Асфалиас) се соработници со фашистите, британската интервенција и Грчката влада не ги расформираат, ниту ги гонат, туку напротив - им ги опростуваат гревовите направени во Втората светска војна и ги искористуваат како орудие за борба против левичарите и етничките малцинства. Така, на пример, ЕДЕС на Наполеон Зервас потпомогнат од единици на Тагмата вршат геноцид и егзодус на етничкото албанско население во јужен Епир и Чамерија. Истото го прават и во десетина Македонски села во Костурско и Воденско...

Седмица 39
Српски крст

Србите се словенски народ чија татковина е Србија. Покрај во Србија, големи српски малцинства има и во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека помали, но сепак значајни српски заедници има и во Македонија и Словенија (од поранешните југословенски републики), како и во Романија и Унгарија (особено во нивните делови од Банат). Надвор од Балканот, во дијаспората, значајни српски заедници има во: Германија, Австрија, Швајцарија, САД и Канада.

Србите го говорат српскиот јазик, сроден на хрватскиот и босанскиот, а повеќето по традиција се православни христијани.

Модерниот српски народ е од словенско потекло, сроден со останатите словенски народи и говори словенски јазик. Според прифатената историја, Србите на Балканот се доселиле во почетокот на 7. век, поточно околу 626 година за време на владеењето на византискиот император Ираклиј. Територијата од којашто дошле се нарекува Бела Србија или Бојка и се претпоставува дека се наоѓала во полапските краишта, денес позната како Лужица. Поткрепа за е токму името на словенскиот народ кој денес ги населува тие предели - Лужички Срби. Некои теории претполагаат дека тие се „роднини“ на балканските Срби, односно оној дел од жителите на Бела Србија кој не се иселил на југ...

Седмица 38

Леонард Норман Коен (роден на 21 септември 1934 година во Квебек) е канадски кант-автор, поет и романсиер. Коен ја објавува својата прва збирка поезија во Монтреал во 1956, а својот прв роман во 1963 година.

Раните песни на Леонард Коен (најголем дел од кои се дел од албумот Songs of Leonard Cohen од 1968) се под влијание на европските фолклорни мелодии и се испеани со специфичен висок баритонски глас. 1970тите се период во кој неговата музика ќе остави длабок печат врз развитокот на попот, кабаретскиот стил и светската музика, притоа останувајќи исклучително оригинална и некомерцијална. Од 1980тите до денес, Коен, во интерпретацијата на своите песни користи многу подлабок глас (бас-баритон), најчесто придружен од синтисајзер и женски вокален хор.

Неговото творештво најчесто ги истражува религијата, осаменоста, сексуалноста и сложените меѓучовечки односи. Коеновата музика и поезија има влијаено врз многу уметници и повеќе од илјада препеви и преработки на неговото творештво се досега забележани. Член е на Куќата на славните канадски музичари, како и на Куќата на славните канадски текстописци; носител е и на медалот Редот на Канада, највисокото признание што може да го добие еден канаѓанин.

Седмица 37
Станислав Лем, писател, филозоф, футуролог и теоретичар на научна фантастика

Станислав Лем (Лавов, 12 септември 1921Краков, 27 март 2006), полски писател, сатиричар, философ и футуролог. Еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и најпреведуваниот полски писател. Делата му се преведени на 41 јазик и продадени во над 27 милиони примероци и со тоа е најпреведуваниот автор на научна фантастика од едно неанглиско говорно подрачје. Во нив средишно место имаат филозофските теми, односно рефлексиите за технологијата, за природата на интелигенцијата, за неможноста од меѓусебна комуникација и разбирање, како и длабокиот песимизам поради ограничувањата што произлегуваат од природата на човекот и од неговото место во вселената. Иако неколку специфични теми се појавуваат во сите негови дела, опусот на Лем може да се подели на два главни циклуси. Првиот вклучува донекаде традиционална научна фантастика каде како мотиви се јавуваат технолошкиот напредок, патувањето во вселената и туѓинските светови, какви што се Eden (1959; Еден), Powrót z gwiazd (1961; Враќање од ѕвездите), Solaris (1961; Соларис), Niezwyciężony (1964; Непобедливиот), Głos pana (1968; Гласот на господарот), и Opowieści o pilocie Pirxie (1968; Сказни за пилотот Пиркс). Вториот циклус го сочинуваат мрачни алегориски раскази или сказни какви што се Dzienniki gwiazdowe (1957; Ѕвездени дневници), Pamiętnik znaleziony w wannie (1961; Сеќавања пронајдени в када), и Cyberiada (1965; Киберијада). Една од основните теми на Лем е неспособноста за комуникација меѓу човековата и длабоко туѓинските цивилизации.

Седмица 36

Мевлана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми (персиски: مولانا جلال الدین محمد رومی, турски: Mevlânâ Celâleddin Mehmed Rumi, арапски: جلال الدين الرومي, скратено: إبن الرومي'), i, (30 септември, 120717 декември, 1273), е персиски исламски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Византиското царство два века пред тоа.

Роден е во Балх (денешен Авганистан), а умрел во Коња (денешна Турција). Родното место и јазик укажуваат на персиско потекло. Поезијата му е на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на селџуците. Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и огуски турски јазик.

Се смета дека важноста на Руми ги надминува националните и етничките граници. Низ вековите тој имал значително влијание врз персиската како и урду и турската книжевност. Неговите песни се преведени на сите значајни светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот.

Седмица 35
Визуелизација на концептот на непрекинатост
Во математиката непрекинатоста на функциите е концепт, или поточно, својство кое ги опишува функциите и нивното однесување во точка или околина. Тесно поврзан со поимот на непрекинатост е поимот