алатник |
Владо БучковскиВладо Бучковски (роден 2 декември, 1962 во Скопје) е поранешен премиер на Република Македонија и поранешен претседател на СДСМ. Буковски по професија е правник и професор по римско право на Правниот факултет во Скопје. [уреди] Научна кариерад-р Владо Бучковски дипломира на Правниот факултет - правосудна насока во 1986, а магистрира во 1991. Во 1998 докторира на тема “Римско и современо заложно право”. Од 1987 до 1988 година Бучковски работи како стручен соработник во Собранието на Република Македонија. Во 1988 година преминува на Правниот факултет во Скопје, каде до 1998 година работи како асистент. Во 1998 е избран за доцент по предметот Римско право, а во 2003 година е избран за вонреден професор. [уреди] Политичка кариераВо периодот од 1998 до 2000 година Бучковски е член на Државната изборна комисија, а од 2000 до 2001 година е претседавач на Советот на град Скопје. Во периодот од 13 мај до 26 ноември 2001 година тој е министер за одбрана во широката коалициска влада. По победата на СДСМ и на неговите коалициони партнери на парламентарните избори во 2002 година, на 1 ноември 2002 година Бучковски станува член на Владата на Република Македонија и ја врши функцијата министер за одбрана. На оваа функција е до декември 2004 година. На 15 септември 2003 година стана претседател на Правниот совет на Владата. На 26 ноември 2004 е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов, а на 15 декември 2004 година Парламентот го избра за претседател на Владата на Република Македонија, функција која ја извршува до август 2006-та. Под негово водство коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ, доживува пораз на парламентарните избори во 2006 година. По изборниот пораз од Бучковски беше побарано да поднесе оставка на функцијата претседател на СДСМ, но тој тоа го одбива. Сепак, на конференцијата на партијата одржана на 7 октомври на Бучковски му е изгласана недоверба и тој беше принуден да се повлече од претседателското место во СДСМ. На 1 август 2007 година против Бучковски е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената должност и нанасена три милиони евра штета на касата на Министерството за одбрана, извршени во 2001 година кога Бучковски беше министер за одбрана.
|