алатникДруги јазици
|
Васко де ГамаЗа други значења, видете Васко де Гама (појаснување).
[уреди] Рани годиниВаско Де Гама (на португалски: Vasco da Gama, се изговара Вашку да Гама )најверојатно е роден околу 1460 година или околу 1469 година, на југозападното крајбрежје на Португалија, најверојатно во куќа која блиску се наоѓала до црквата Nossa Senhora das Salas. Татко му на Васко се викал Естевао Де Гама. Во текот на 1460 години тој бил рицар во домаќинството на херцегот или граѓанскиот гувернер од Визеу, Дом Фернандо. Естевао Де Гама бил оженет со Дона Изабела Содра. За младите години од животот на Васко Де Гама е многу малку познато. Познато е дека тој е учел во градот Евора, каде се запознал со теориите и практиките на математиката и навигацијата, а исто така најмногу ја проучувал астрономијата каде учител му бил извесниот астроном Ибрахим Закуто. Во 1492 португалскиот крал Џон II го испратил во Сетубал, јужно од Лисабон се со цел да превземе некои француски бродови како одмазда за грабежот и пљачките кои се случиле при некој транспорт на некои португалски стоки. Самата задача од страна на Васко Де Гама била успешно завршена. Во почетокот на петнаесетиот век, морското училиште на Хенри Навигатор го расширило португалското познавање за африканската крајбрежна линија. Од 1460 година, целта имала друг карактер, имено при заобиколување на јужниот дел на континентот да се создаде полесен морски достап и пат до богатите предели на Индија кои во тоа време биле главно богати со црн пипер. Уште во времето, кога Васко Де Гама бил уште многу мал, на десет години, на овие долгопланирани планови се гледало дека им се ближи крајот. Бортоломеј Дијас( португалски истражувач), кој се враќал од своето патување поминувајќи низ реката Rio do Infante во јужна Африка, забележил дека неизвестен брег или крајбрежје се протега надалеку кон североисток. Совпаѓањето на народното иследување во времето на владеење на португалскиот крал Јован II дека, Индија би можела да биде достигната преку морето и тоа преку Атланскиот океан. Пјеро Да Ковилха и Алонсо Де Паива биле испратени од Барселона преку Непал и Александрија, Јемен и Индија со што се дало доверие на оваа теорија. [уреди] Прво патувањеЗа прв пат, Васко Де Гама тргнал на морско патување од Лисабон на 08.07. 1497 година. Неговата експедиција вклучувала четири брода. - The São Gabriel, командуван од Васко Де Гама, кој бил тежок околу 178 тона, со должина 27 метри и ширина 8.5 метри со екипа од 150 луѓе; -The São Rafael чиј командир бил неговиот брат ПаулоДе Гама, кој брод имал многу слични карактеристики со The São Gabriel -The caravel Berrio, многу помал брод за разлика од претходните два, и кој бил командуван од Nicolau Coelho. - Името на крајниот брод не е познато (тежел околу 200 тона) Од 16-ти декември, флотата ја преминала реката на Great Fish River - место од каде Дијас и неговата група се вратиле. Тие во тој момент всушност пловиле кон место кое до тогаш не било познато на европската јавност. Со ова Божикно патување тие отишле до крајбрежјето и го крстиле Натал, кое го означува раѓањето на Христос . Во 1498 година тие достигнале до денешната држава Мозамбик, која во тоа време била област на Африка, која ја контролирале арапите. На 25 јануари пристигнале на ново копно и околу еден месец се задржиле таму поради поправка на бродовите и поради преголемата исцрпеност и умореност. На 3 март, Гама престигнал на малиот остров Мозамбик, каде тамошното население на прв поглед сметале дека доаѓаат муслимани па им пружиле помош. Овде Гама повикал на помош неколку арапски пилоти се со цел да стигнат до Индија. Експедицијата престигнала во Козкиход на 20.05 1498 година. Со кралот на Заморија постигнал споразомение за трговија иако арапските трговци во тоа не се согласувале. Тој од Заморина добил писмена дозвола дека смее да отвори трговско претставништво во Козкиход. Но со текот на времето овие недоразбирања се повеќе се зголемувале. Во август Васко Де Гама тргнал назад кон Португалија. Со себе понел уште шест кралови се со цел да може португалците да ги научат обичаите на другиот свет. Но поради лошото време, Арапското море го преминале дури по три месеци, а и многу голем дел од екипажот загинале во ова невреме. Гама со бродот Sao Gabriel се вратил во Португалија на 09,09, 1499 година. Кралот Мануел I на својот миленик го пречекал со големи честувања и притоа му доделил годишна премија од 1000 крузадоси. [уреди] Второ патувањеКога на Кабрал не му било понудено ново патување до Индија, или барем тој тоа го одбил, целата одговорност му била понудена на Васко Де Гама. Тој ја добил титулата “Адмирал на индискиот океан“ и тргнал на пат на 12.02. 1502 година со 20 бродови. Гама го пресилил владетелот на градот Килва за плаќање на данок на португалскиот крал, и затоа пристигнал на територијата на Гоа( која покасно била главно упориште на португалската моќ во Индија). Гама пристигнал во градот кананор, северно од Каликута. Овде тој го опљачкал арапскиот трговски брод кој престигнал таму неколку денови после нив со околу 200-400 патника( и жени и деца). Тој наредил да бидат претресени сите патници со кое запленил многу “скапоценети“ работи. Овој чин и настан всушност претставува најкрутиот момент од неговата кариера. Исто так, Гама постигнал договор и со владетелот Кананореа, и по ова се упатил кон Каликут. Васко Де Гама му поставил ултиматум на Заморин да неговото население( хиндуистите) го напуштат местото, со кое подоцна градот бил бомбардиран . Потоа, Васко Де Гама отишол во друг град каде се добил договор со некој друг владетел, кој бил во непријателски односи со Заморин. На 20,02, 1503 година Гама тргнал на пат кон Португалија. [уреди] Трето патувањеНе се познати многу детали околу второто патување на Васко Де Гама кај Мануел I. Гама во меѓувреме се оженил со Caterinu de Ataide(околу 1500 година). На своето трето патување тој тргнал кон Индија кон 1524 година. Новиот португалски крал Иван III Португалски го именувал индискиот поткрал. По три месеци во Индија, Гама се разболел и умрел. [уреди] Видете исто така[уреди] Надворешни врски
|
||||||||||||||||