|
|
Бил Гејтс
Вилијам Хенри Гејтс III (англиски: William Henry Gates III) (роден на 28 октомври, 1955), познат како Бил Гејтс, е американски бизнисмен и микрокомпјутерски пионер. Тој, заедно со други, го има напишано оригиналниот Altair BASIC интерпретатор за Altair 8800 (првиот комерцијално успешен персонален сметач). Тој, заедно со Пол Ален ја имаат ко-основано Мајкрософт корпорацијата и моментално е нејзин директор и главен софтвер архитект. Според списанието Форбс, Бил Гејтс е третиот најбогат човек на светот. Тој живее на езерото Вашингтон, во Медина, Вашингтон, во една од најскапите куќи на светот, проценета на 125 милиони долари.
|